Прва лига – ПОД ЛУПА: Мустафов, Размоски, Захариевски…, новиот пораз на „пелистерци“

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 13. КОЛО

  • Без никакви промени на врвот од табелата во Првата лига откако двете дерби пресметки, во Струга и во Ѓорче Петров завршија без победник. Од ова коло се издвојува новиот пораз на Пелистер на домашен терен, со кој битолчани сега се во опасната зона, како и Академија Пандев која загуби од Вардар во Скопје. „Вардарци“ врзаа две победи по ред, па најавија и европски амбиции. Ќатип Османи со триумф против Борец триумфираше на клупата на Ренова.

=====================================================================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО – Бурхан Мустафов (Силекс)

  • Мустафов одигра одличен натпревар во победата на Силекс на гостувањето кај битолски Пелистер. Во повеќе од значајниот натпревар за составот на Симов, Мустафов уште во 2. минута постигна прекрасен гол за водство од 0-1, а асистираше на Ристов за вториот гол на кратовци, издвојувајќи се со централната улога на патот до победата за својот тим.

 

=====================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Струга ТЛ)

  • Захариевски сезонава завршува одлична работа во струшкиот тим. Струга ТЛ реди одлични партии, сега ремизирјќи со фаворизираната Шкендија. Во нов одлично тактички одигран натпревар стружани може и да жалат што не стигнаа и до полн плен бидејќи се до 10 минути до крајот на мечот имаа предност.

=======================================================================================

ТРАГИЧАР НА КОЛОTO: Одбраната на Борец

    • Тимот кој што се краси со една од најдобрите одбрани во Првата македонска фудбалска лига, потфрли токму во тој дел. И покрај тоа што имаа играч повеќе, целата одбрана на Борец во последните секунди од мечот со Ренова неенергично реагираше дозволувајќи им на домашните да однесат победа.


=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Дарко Размоски (Беласица)

      • Размоски го добива признанието за најубав гол во 13. рунда од ПМФЛ. Фудбалерот на Беласција донесе водство од 1-0 за струмичкиот тим во ремито против Работнички (2-2), со неверојатен гол од 18 метри.


=======================================================================================

СПОРЕН МОМЕНТ: Имаше или не пенал за Струга ТЛ?

  • Струга ТЛ беше блиску до победа против Шкендија. Ќе беше уште поблиски сигурно доколку во 72. минута имаше можност и за дуплирање на водството. При резултат од 1-0, во 72. минута дојде до судир меѓу голманот на гостите Костадин Захов и фудбалерот на стружани, Буњамин Шабани. Домашните фудбалери бараа пенал, но главниот судија не размислуваше на ист начин. Прашање е дали постоеше контакт. Јасно е дека од овој агол тешко е да се процени.


========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Полека бе брат…., јас сум!

Момент од натпреварот меѓу Струга ТЛ и Шкендија во Струга

ФОТО: Михаил Постоловски

Се вчитува...