ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Не постојат фаворити во ПМФЛ

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 12. КОЛО

12. коло во Првата фудбалска лига на Македонија донесе неверојатно резултати, со кои уште еднаш се покажа дека не постојат фаворити во елитниот македонски шампионат. Вардар кој во еден момент беше и отпишан успеа да стигне до втор триумф во низа овојпат против АП Брера која по одличниот старт на сезоната во последно време можеби е тимот со најслаба форма во ПМФЛ. Гостивар стигна до голем триумф на домашен терен против актуелниот шампион Струга Трим и Лум и покажа дека има навистина сериозен тим сезонава. Работнички загуби на гостувањето во Чаир кај Шкупи (3-0), пораз што значеше крај за Милан Илиевски на клупата на тимот од „Дебар маало“. Шкендија и Воска ги поделија бодовите (1-1), а реми одиграа и Македонија ЃП со Тиквеш како и Брегалница со Силекс.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Инацио Куевен (Шкупи)

Шкупи одигра неверојатен натпревар против Работнички совладувајќи го со 3-0, победа со која чаирчани избија на првото место на табелата во ПМФЛ. Дефинитивно најдобар поединец во својот тим беше Куевен.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Вардар)
Вардар кој во еден момент беше и отпишан успеа да стигне до втор триумф во низа овојпат против АП Брера која по одличниот старт на сезоната во последно време можеби е тимот со најслаба форма во ПМФЛ. Васоски уште еднаш покажа дека во овие тешки времиња за најтрофејниот клуб, тој е најдобриот избор за тренерската позиција.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Aденис Шала (Шкендија) 

Шкендија одигра само реми 1-1 на домашен терен против Воска, а пораз за тетовскиот тим спречи Аденис Шала кој со неверојатен гол во финишот на мечот ги постави конечните 1-1.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

ФОТО НА КОЛОТО: Младо и старо за Вардар се збрало! 

Се вчитува...