Прва лига – ПОД ЛУПА: Очекувана сезона – Струга ТЛ е пријатното, Вардар непријатното изненадување!

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 33. КОЛО

=====================================================================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Даниел Миловановиќ (Ак. Пандев)

Двојниот стрелец за „пандевци“ беше еден од најзаслужните за победата од 3-1 на Академија Пандев против Борец со која струмичани и дефинитивно си го обезбедија останувањето во прволигашкото друштво.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Струга ТЛ)

Успеа да ја донесе екипата до Европа. Пред почетокот на сезоната никој не ги рангираше стружани меѓу екипите кои би се бореле за европски излез, но Захариевски на извонреден начин го водеше тимот кој трпеливо дојде до посакуваната цел, на крај и со триумф против Силекс во Кратово.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Омар Гоудијаби (Пелистер)

Еден од најдобрите фудбалери на Пелистер оваа пролет. Уште еднаш ги демонстрираше своите индивидуални квалитети постигнувајќи го еден од најубавите погодоци во сезоната…

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Сите сакаат да се сликаат со трофејот…

Се вчитува...