Прва лига – ПОД ЛУПА: „Пандевци“ во фокусот, Вардар се поблиску до „амбисот“

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 23. КОЛО

Шкендија и Шкупи ја продолжуваат трката за шампионската титула со победи од 23. коло и еднакво бодовно растојание на врвот од табелата. Битката за опстанок, пак, ќе биде повеќе од неизвесна. Академија Пандев ја запиша најзначајната победа во оваа рунда натпревари, со 0-2 триумфирајќи на гостувањето против Работнички. Борец, и покрај промените за време на зимската пауза, бере пролетни бодови, а се чини единствен отпишан тим од Првата лига е Беласица. Сите други се во игра…., иако Вардар сега веќе е сосема блиску до црвената зона!

=====================================================================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Марко Јовановски (Ак. Пандев)

Одличен натпревар за голманот на Марко Јовановски, најзаслужниот за триумфот на „пандевци“. Бранеше извонредно во текот на целиот натпревар, а пресуден беше и одбранетиот пенал во последните секунди од првото полувреме при водство од 1-0 за неговиот тим.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Александар Васоски – Раденко Бојовиќ (Ак. Пандев)

Александар Васоски и Раденко Бојовиќ скроија извонредна тактичка подготовка за својот тим за гостувањето против Работнички. Поради позитивен тест на Ковид-19, Васоски не го водеше тимот на „пандевци“ во Скопје, но јасно е дека заедно со Бојовиќ, кој на лице место и тоа како умешно го контролираше тимот, знаеја како да дојдат до повеќе од значајни три бода против „романтичарите“.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Филип Глигоров (Шкупи)

Филип Глигоров ја заокружи победата на Шкупи од 2-0 против Вардар со прекрасниот погодок, со шут од околу 25 метри… Неодбранливо за голманот на Вардар.

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Тешко се брани шутот на Глигоров…

 

Се вчитува...