ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: „Пат“ дерби во Струга, Вардар конечно го препушти „фенерот“

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 20. КОЛО

Многу интересни и неизвесни натпревари ни донесе 20. рунда во Првата македонска фудбалска лига. Во дербито за титулата Струга Трим и Лум и Шкупи одиграа еден неизвесен натпревар кој на крајот заврши без победник 2-2. Вардар очигледно се буди и тоа под палката на Горазд Михајлов кој како да го препороди најтрофејниот клуб во Македонија. Рутинска победа против Брегалница со 2-0 за препуштање на фенерот на Македонија Ѓорче Петров која доживеа убедлив пораз на гостувањето кај АП Брера од 3-0. Шкендија имаше се во свои раце против Гостивар, но тогаш се појави Кехинде со два гола и донесе реми 2-2. Тиквеш по „нотите“ на Ѓорѓе Мојсов славеше над Работнички, додека без голови одиграа Воска и Силекс.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Матеј Цветаноски (АП Брера)

АП Брера на доминантен начин славеше на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров со 3-0. Матеј Цветаноски беше најдобар поединец на овој натпревар, па затоа и повеќе од заслужено го добива епитетот фудбалер на рундата во македонската елита.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горазд Михајлов (Вардар)
Вардар очигледно се буди и тоа под палката на Горазд Михајлов кој како да го препороди најтрофејниот клуб во Македонија. Рутинска победа против Брегалница со 2-0 и препуштање на фенерот во ПМФЛ.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Аденис Шаља (Шкендија)

Шкендија до предност од 1-0 на мечот против Гостивар дојдоа благодарение на феноменалниот гол на Аденис Шаља. Шаља во 25. минута испрати проектил кон противничкиот гол кој заслужено е избран за најубав на колото. Сепак, и тоа не беше доволно за победа на тетовци на овој меч.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

Се вчитува...