ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: Полусезона во знакот на чаирчани и Мирчевски!

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНА ПМФЛ 

Шкупи ја одбележа полусезоната во Првата македонска фудбалска лига. Чаирчани имаат седум бода предност пред Академија Пандев и сигурно чекорат кон освојување на титула сезонава. Светла точка во шампионатот е Мартин Мирчевски кој одигра неверојатно во есенскиот дел. Напаѓачот на Академија Пандев одигра полусезона како ретко кој претходно, постигнувајќи 16 гола на 18 првенствени средби. Шкендија по слабиот старт се приклучи во врвот на табелата, а одлична полусезона имаше и новајлијата Брегалница која е на високото четврто место. За опстанок очигледно е дека борбата ќе биде голема. Пелистер веројатно веќе е отпишан со само пет освоени бода, а за останатите места кои водат во ВМФЛ и баражите за опстанок ќе има голема борба меѓу Борец, Тиквеш, Скопје, Работнички…

=====================================================================================

ИГРАЧ НА ПОЛУСЕЗОНА: Мартин Мирчевски (Ак. Пандев)

Академија Пандев есенва играше на „крилјата“ на Мартин Мирчевски. 16 погодоци со кои го водеше тимот од Струмица до                                 

второто место на првенствената табела. Доколку продолжи во ист стил до крајот на шампионатот Мирчевски може да стигне

и до бројката од 30 гола во елитата.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Гоце Седлоски (Шкупи)

Гоце Седлоски заврши одлична работа со Шкупи во првиот дел од сезоната во Македонија. Титула есенски шампион со седум бода предност пред второпласираната Академија Пандев е и повеќе од доволно за да го добие признанието за најдобар тренер.

=======================================================================================

ГОЛ НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Клисман Цаке (Струга ТЛ)

Еден од најубавите голови на македонската прволигашка сцена. Цаке кога дава голови тоа се вистински убавици, а така беше и во 14. коло кога на неверојатен начин донесе победа за својот тим против Работнички.

 

========================================================================================

ФОТО НА ПОЛУСЕЗОНА: Се насетува ли за Шкендија светло на крајот од тунелот!?

=========================================================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОЛУСЕЗОНА

=========================================================================

ТАБЕЛА – ПОЛУСЕЗОНА

Се вчитува...