Прва лига – ПОД ЛУПА: Се за полусезоната – тим, играч, тренер, гол…

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните. Овој пат и со осврт на полусезоната 2020/2021.

======================================================================================

ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНА 2020/2021

ИГРАЧ НА ПОЛУСЕЗОНАTA: Дембо Дарбо (Шкупи)

Гамбиецот од редовите на Шкупи, Дембо Дарбо дефинитивно ги освои симпатиите на македонската фудбалска јавност изминатава полусезона. Одигра извонредни 17 натпревари за чаирчани, притоа со 16 постигнати погодоци издвојувајќи се на врвот на листата на најдобрите стрелци, со два гола повеќе од второрангираниот Бесарт Ибраими од Шкендија. Дарбо е, без сомнение, најсилната алка на Шкупи која остава надеж за тимот во битката за шампионската круна до крајот на сезоната.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Жикица Тасевски (Македонија ЃП)

Малку кој пред почетокот на сезоната очекуваше Македонија ЃП да ја види на делба на втората позиција на табелата во најквалитетната домашна лига. Но, „лавовите“ на клупата го имаат едно од најдобрите тренерски имиња кои ги има Македонија, Жикица Тасевски. Без сомнеж, Тасевски е тој кој создаде навистина респектабилен тим во Ѓорче Петров, склопи коцкички на искуство и младост без некои посебно звучни имиња во тимот, но креираше екипа која ја краси тимскиот дух на патот кон остварување на годинашните амбиции – место на европската сцена.

=======================================================================================

ГОЛ НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Дарко Размоски (Беласица)

Беласица нема со што многу да се пофали од изминатава полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Но, ете ќе остане запаметен погодок на Дарко Размоски од 13. коло кој запиша навистина маестрален погодок на натпреварот против Работнички во Струмица.


========================================================================================

ФОТО НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Полека бе брат…., јас сум!

Момент од натпреварот меѓу Струга ТЛ и Шкендија во Струга

 

Се вчитува...