ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Седло се врати, Шкупи победи… Струга продолжува да „гази“!

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

====================================

ТИМ НА 7. КОЛО

Гоце Седлоски по девет дена се врати на клупата на шампионот Шкупи, а со неговото враќање се вратија и победите за тимот од Чаир. Во седмото коло од годинашниот шампионат Шкупи на маестрален начин стигна до триумф на домашен терен против Работнички со убедливи 5-0. Струга Трим и Лум продолжува со перфектната сезона. На менито на „стружани“ овојпат беше Скопје кој на крајот си замина дома со „три парчиња“. Прилепска победа стигна до првата победа по кам-бекот во елитата откако ја изненади фаворизираната Брегалница. Силекс во саботното дерби славеше над Македонија ЃП, додека Александар Васоски имаше неуспешен кам-бек во Академија Пандев, бидејќи загуби од Тиквеш со 2-1.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Фреди Алварез (Шкупи) 

Со враќањето на Гоце Седлоски во Шкупи се врати и формата на Фреди Алварез. Костариканецот беше еден од најдобрите фудбалери на својот тим во убедливата победа над Работнички со 5-0, а Алварез одличната партија ја круниса со прекрасен погодок со кој ги постави конечните 5-0.

================================

 

 

 

Гоце Седлоски (Шкупи) 

Гоце Седлоски по девет дена се врати на клупата на шампионот Шкупи, а со неговото враќање се вратија и победите за тимот од Чаир. Во седмото коло од годинашниот шампионат Шкупи на маестрален начин стигна до триумф на домашен терен против Работнички со убедливи 5-0.

==============================

 

ГОЛ НА КОЛОТО: Буњамин Шабани (Струга ТЛ) 

Струга Трим и Лум продолжува со перфектната сезона. На менито на „стружани“ овојпат беше Скопје кој на крајот си замина дома со „три парчиња“. Еден од головите беше дело на Буњамин Шабани кој на маестрален начин го матираше голманот на тимот од Автокоманда.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

==================================

ФОТО НА КОЛОТО: „Супермен“ 

 

Се вчитува...