ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: Седлоски е победник во дуелот на „екс-вардарците“, Костов го буди Кавадарци…

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 8. КОЛО

Гоце Седлоски ја доби пресметката против Александар Васоски во дербито на колото меѓу Академија Пандев и Шкупи во Струмица. Сето тоа за продолжување на неизвесниот шампионат во кој ќе се води израмнета битка за есенската титула. Влатко Костов, пак, го буди Кавадарци. Тиквеш дојде до првата победа во сезоната и тоа на убедлив начин против Македонија ЃП. „Гипсарите“ со убедливата победа од 5-2 против Брегалница потврдија дека водени од Ќатип Османи и тоа како планираат во оваа израмнета лига рамноправно да се вклучат во трката по шампионскиот трофеј.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Христијан Кировски (Скопје)

Со два брзи погодоци искусниот Христијан Кировски донесе победа за својот тим на гостувањето против Борец во Велес. Неговиот беспрекорен гол-ефект на стартот од мечот беше доволен за трите бода на скопјани.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Шкупи)

Го надмудри својот некогашен асистент од Вардар. Во дербито на колото Седлоски ја однесе победата, која без сомнение во голема мера може да биде дополнителен импулс во битката за шампионската титула.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Едис Спахиу (Тиквеш)

Убав погодок на Спахиу со шут од 15 метри со кој Тиквеш ја запечати убедливата победа против Македонија ЃП.


========================================================================================

ТРАГИЧАР НА КОЛОТО: Христијан Стевковски (Македонија ЃП)

Чуварот на мрежата на „лавовите“ направи голема грешка по која Нгобе успеа да стрела и да го отвори резултатот од 1-0 за Тиквеш на дуелот против Македонија ЃП. Токму тој гол беше пресуден за поразот на „лавовите“…

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Чаирчани слават во Струмица…

ТАБЕЛА – 8. КОЛО

Се вчитува...