Прва лига – ПОД ЛУПА: Шкендија ита кон титула, Вардар кон Втора лига…

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 25. КОЛО

Шкендија се чини веќе прави клучен чекор кон шампионската титула сезонава. Тетовци го искористија киксот на Шкупи со Ренова и со победата против Силекс дојдоа на +10 бода кои се добра залиха за финишот од сезоната. Интересно ќе биде на дното, иако се чини Вардар тешко ќе успее да го избегне најлошото. „Вардарци“ не успеаја до бод ниту на дуелот против Пелистер па ги чека жестока пролет во битката за опстанок. Ако се успее…

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Марио Крстовски (Ак. Пандев)

Перфектна партија на Марио Крстовски. Постигна два ефектни погодоци за својот тим, токму кога беше најнеопходно да се создаде предност во однос на Македонија ЃП за полесно потоа приведување на натпреварот кон победнички крај.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Ќатип Османи (Ренова)

Успеа со Ренова да го приреди најголемото изненадување на колото. Ренова стигна до заслужена победа на гостински терен против Шкупи, откажувајќи ги чаирчани од трката за шампионската титула.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Клисман Цаке (Струга ТЛ)

Клисман Цаке постигна ретко виден погодок на фудбалските терени, со пета лобувајќи го голманот на Беласица во победата од 3-1.


========================================================================================

СПОРЕН МОМЕНТ: Гол на Силекс од офсајд-позиција!?

Пепи Ѓорѓиев постигна убав погодок за Силекс на гостувањето против Шкендија кој остана сомнителен поради офсајд-позиција во која се најде. На крајот овој погодок, сепак, не пресуди околу победата на тетовци.

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Небески скок на Крстовски…

Се вчитува...