ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Шкупи победува, конкурентите заостануваат, судиите грешат

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 25. КОЛО

Првото коло по репрезентативната пауза веројатно и ги разреши сите дилеми околу тоа кој ќе биде нов шампион во Првата македонска фудбалска лига. Во еден тежот натпревар Шкупи со голот на Марјан Радески успеа да слави над Тиквеш со 1-0. Од друга страна Академија Пандев и Шкендија иако беа големи фаворити во своите мечеви загубија бодови кои значат и крај на надежите за борба за титулата. Академија Пандев беше изненадена на домашен од Скопје со 1-2, а херој за тимот од Автокоманда беше Леонид Игнатов со два гола. Шкендија одигра без голови 0-0 во Тетово против Борец. Брегалница и Ренова одиграа неверојатен натпревар на „Петар Милошевски“ кој понуди се што може да даде фудбалот. Четири гола, два црвени картони и на крајот реми без победник.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Леонид Игнатов (Скопје)  

Леонид Игнатов со два гола беше главен виновник за големата победа на Скопје на гостувањето во Струмица кај фаворизираната Академија Пандев. Иако струмичани брзо стигнаа до водство, Игнатов со два прекрасни гола ја здрма Академија Пандев и донесе три големи бода за тимот од Автокоманда во борбата за опстанок.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Љупчо Марковски (Скопје) 

Љупчо Марковски одлично ја постави играта на својот тим на гостувањето кај Академија Пандев и успеа да освои три големи бода во борбата за опстанок во македонската елита. Со оваа победа тимот од Автокоманда во моментов е на само шест бода за Работнички кој е на последното место кое значи и директен опстанок во елитата и следната сезона.

=======================================================================================

 

ГОЛ НА КОЛОТО: Лука Игнатов (Скопје) 

Леонид Игнатов е херојот на Скопје во победата на гостувањето во Струмица против Академија Пандев со 1-2. Игнатов беше стрелец на два гола за својот тим, а вториот погодок беше вистинска „убавица“.

========================================================================================

СПОРЕН МОМЕНТ НА КОЛОТО: Има пенал за Тиквеш, нема пенал за Тиквеш

Неколку спорни ситуации се случија ова коло во домашниот шампионат, но дефинитивно за издвојување е моментот од почетокот на мечот во Чаир меѓу Шкупи и Тиквеш. Главниот судија на натпреварот Качевски прво досуди пенал за гостите од Кавадарци, но по консултација со својот помошник одлучи да ја поништи својата одлука. По натпреварот дојде став и од судиската комисија на ФФМ во кој се вели дека главниот судија донел погрешна одлука и морал да досуди пенал за гостите од Кавадарци.

========================================================================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Господин Ќатип Османи!

Се вчитува...