ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Шкупи против Ренова ќе слави титула, Мартинага е „џокерот“ на „пандевци“, Пелистер се збогува со ПМФЛ

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

====================================

ТИМ НА 28. КОЛО

Шкупи по победата над Пелистер во Битола е на само бод до освојување на титулата во Првата фудбалска лига на Македонија. Титулата чаирчани најверојатно ќе ја заверат веќе во сабота кога на домашен терен ќе ја пречекаат тетовска Ренова. Од друга страна Пелистер со поразот против Шкупи веќе и математички е второлигаш следната сезона, а единствена надеж за добра сезона за битолчани останува купот каде во среда во полуфиналето ќе играат против Силекс. Мартин Мартинага е „џокерот“ на Академија Пандев. Хрватскиот интернационалец влезе во 81. минута и донесе голема победа за струмичани во борбата за Европа. Шкендија одигра без голови против Брегалница и сега е на два негатива од „пандевци“ и само поради подобрата гол-разлика е пред Македонија Ѓорче Петров која славеше нов триумф, овојпат против Работнички.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Мартин Мартинага (Ак. Пандев) 

Мартин Мартинага е „џокерот“ на Академија Пандев. Хрватскиот интернационалец влезе во 81. минута и донесе голема победа за струмичани во борбата за Европа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Ѓорѓе Стојчев (Ак. Пандев) 

Младиот стратег на Академија Пандев одлично го постави својот тим и стигна до триумф на секогаш тешкото гостување во Тетово кај екипата на Ренова. Со оваа победа „пандевци“ направија разлика од два бода до главните конкуренти, Шкендија и Македонија Ѓорче Петров и со пол-позиција во борбата за Европа влегуваат во последните пет рунди од домашниот шампионат.

==============================

 

ГОЛ НА КОЛОТО: Мартин Мартинага (Ак. Пандев) 

Мартин Мартинага е херојот на Академија Пандев. Хрватот влезе во 81. минута, а во 90. минута на феноменален начин со прекрасен гол од слободен удар донесе триумф за својот тим на гостувањето во Тетово кај Ренова.

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

==================================

ФОТО НА КОЛОТО: Стојчев ги вивна „пандевци“ во европските височини 

Се вчитува...