ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: Шкупи се издвојува, Брегалница во триумфален ритам…

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 11. КОЛО

Шкупи веќе сериозно се издвојува на врвот од табелата потврдувајќи ја определбата за освојување на шампионската круна. Со победата над Ренова, чаирчани на најдобар можен начин го заокружија првиот круг од првенството. Академија Пандев извојува значајна победа, а со одличниот триумфален ритам продолжува и Брегалница која ја освои Битола. Штипјани, како повратници во лигата, се најпријатното изненадување во шампионатот како потврда на сериозната организациска поставеност во клубот. Се поочигледно, пак, е дека Пелистер, Борец и Тиквеш ќе ја водат најтешката битка за опстанок во лигата.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Ален Јашароски (Скопје)

Искусниот напаѓач со два гола му донесе триумф на Скопје од 2-1 во еден од најважните натпревари сезонава против директниот ривал за опстанок Тиквеш.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Шкупи)

Седлоски добива уште една дерби-пресметка сезонава со која веќе сериозно се издвојува на врвот од табелата во битката за шампионската титула. Шкупи успеа да слави против сезонава повеќе од незгодната Ренова, со што ја потврди отворената амбиција за освојување на есенската круна.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Флорент Рамадани (Шкендија)

Одлична акција на Шкендија. Двојно проигрување меѓу Дориев и Рамадани кое беше завршено со ефектен погодок на офанзивецот на тетовци.

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Скопје никој не може предвреме да го отпише!

=========================================================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

=========================================================================

ТАБЕЛА – 11. КОЛО

Се вчитува...