ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Сите се караат, Струга користи

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

====================================

ТИМ НА 6. КОЛО

Струга Трим и Лум продолжува со неверојатните партии во домашниот шампионат сезонава. Стружани стигнаа до шест од шест и убедлива предност на врвот на табелата откако славеа на гостувањето кај Академија Пандев во Струмица со 0-3. Тренерот на „пандевци“ Ѓорѓе Стојчев по поразот спогодбено го раскина договорот со прволигашот. Ниту замената на Гоце Седлоски не им помогна на Шкупи во мечот против Брегалница кој го загубија со 2-0. И Артим Шаќири е пред смена во Шкендија, откако тетовчани одиграа само реми на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров. Во останатите мечеви Силекс го совлада Тиквеш со 3-2, по што Костов поднел оставка, која се уште не е прифатена од кавадарчани, а Скопје славеше во дербито на дното против Победа.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Брегалница) 

Ѓорѓи Ѓорѓиев буквално сам го „реши“ актуелниот шампион на Македонија Шкупи. Брегалница славеше со два гола, а токму стрелец на двата гола беше напаѓачот на штипскиот тим.

================================

Илчо Ѓорѓиoски (Брегалница) 

Илчо Ѓорѓиоски полека, но сигурно создава тим во Брегалница за високи дострели. Ова коло падна и шампионот Шкупи, а Брегалница веќе се замешува и за највисок пласман во домашниот шампионат.

==============================

 

 

ГОЛ НА КОЛОТО: Арби Воша (Македонија ЃП) 

Македонија Ѓорче Петров одигра реми на гостувањето во Тетово кај Шкендија (1-1) во натпревар од 6. коло во ПМФЛ. Единствениот погодок на „лавовите“ беше дело на Арби Воша, а неговиот гол беше вистинска мајсторија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

 

==================================

ФОТО НА КОЛОТО: Како Струга нема друга!

Се вчитува...