ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Струга е есенски шампион, Љупче Дориев е во топ форма

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 17. КОЛО

Струга Трим и Лум ја осигура титулата есенски шампион откако во 17. рунда од Првата македонска фудбалска лига во еден тврд и тежок натпревар на домашен терен славеше над Академија Пандев со минимални 1-0. Шкупи продолжува со одличните партии, откако пред четата на Гоце Седлоски падна и штипска Брегалница (3-1). Љупче Дориев продолжува со неверојатните партии. Тој ја водеше својата Шкендија до голема победа против Македонија Ѓорче Петров (1-3) со два постигнати гола. Силекс славеше со 0-2 против Тиквеш, додека Победа и Скопје одиграа без голови 0-0.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Љупче Дориев (Шкендија) 

Љупче Дориев игра во топ форма во овој дел од сезоната во Прваа македонска фудбалска лига. Дориев ја водеше својата Шкендија со два погодоци до голема победа на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ќатип Османи (Шкендија)

Тетовска Шкендија стигна до голема победа на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 1-3. Тренерот на тетовци, Ќатип Османи одлично го постави својот тим надигрувајќи го својот противник на другата страна Муарем Бајрами.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Фреди Алварез (Шкупи) 

Фудбалерот на Шкупи, Фреди Алварез го постигна најубавиот погодок во 17. коло во Првата македонска фудбалска лига. Алварез со овој прекрасен погодок го најави пресвртот на својот тим во победата над Брегалница од 3-1.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

Се вчитува...