ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Струга се „лизна“ во Ѓорче, Љупче Дориев е во топ форма

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 9. КОЛО

Македонија Ѓорче Петров е првиот тим кој успеа да и откине бодови на Струга Трим и Лум сезонава во Првата фудбалска лига на Македонија, откако во 9. коло ремизираа на домашен терен 1-1. Во дербито на рундата во Кратово актуелниот шампион Шкупи одигра реми без голови 0-0 против Силекс. Тиквеш очекувано стигна до трите бода на домашен терен против Скопје. Шкендија славеше на гостувањето кај Победа со 1-3, а со истиот резултат славеше и Работнички на гости кај Брегалница.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Љупче Дориев (Шкендија) 

Шекндија стигна до триумф на гостувањето кај Победа од 1-3 во натпревар од 9. коло во ПМФЛ. Главен виновник за триумфот на тетовчани беше Љупче Дориев кој постигна два гола и со тоа заслужено го доби епитетот најдобар фудбалер на оваа рунда во домашната елита.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Муарем Бајрами (Македонија ЃП)

Македонија Ѓорче Петров е првиот тим кој успеа да и откине бодови на Струга Трим и Лум сезонава во Првата фудбалска лига на Македонија, откако во 9. коло ремизираа на домашен терен 1-1. Муарем Бајрами одлично го подготви својот тим за бод со кој „лавовите“ полека, но сигурно се враќаат во форма.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Љупче Дориев (Шкендија)

Љупче Дориев ја водеше својата Шкендија до нова победа во домашниот шампионат од 1-3 на гостувањето кај прилепска Победа. Македонскиот репрезентативец постигна два гола, а првиот беше вистинска убавица.

 

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

Се вчитува...