ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Струга ТЛ е есенски шампион, борбата за опстанок ќе биде пеколна

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 18. КОЛО

Со натпреварите од 18. рунда заврши есенскиот дел од Првата македонска лига. Актуелниот бранителот на трофејот Струга Трим и Лум со победата над Брегалница од 2-1 ја осигура есенската титула и напролет ќе влезе во пол-позиција во борбата за шампионатот. Само бод зад стружани ќе биде Шкупи кој вчера со минимални 0-1 славеше на гостувањето кај АП Брера. Вардар успеа да издвои уште еден триумф 2-0 против Тиквеш и со тоа уште повеќе да ја закомпликува борбата за опстанок која напролет ќе биде пеколна. Во луд натпревар со многу контроверзии и грешки на судиите Гостивар славеше против Македонија ЃП со 1-0, а Воска го изненади Работнички 2-0. Шкендија беше сигурна на домашен терен против Силекс 3-1.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Басиру Компаоре (Струга ТЛ) 

Актуелниот шампион Струга ТЛ ја осигура есенската титула во ПМФЛ откако во крајно интересен натпревар славеше со 2-1 над Брегалница. Херој на стружани беше Компаоре кој ги постигна двата гола за шампионот.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Младен Жежовиќ (Шкупи)
Вардар успеа да издвои уште еден триумф 2-0 против Тиквеш и со тоа уште повеќе да ја закомпликува борбата за опстанок која напролет ќе биде пеколна. Васоски покажа уште еднаш дека е еден од најдобрите македонски стратези, бидејќи и покрај сите проблеми со кои се соочува успева да го задржи тимот во борба за опстанок.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Давид Велковски (Вардар) 

Вардар успеа да издвои уште еден триумф 2-0 против Тиквеш и со тоа уште повеќе да ја закомпликува борбата за опстанок која напролет ќе биде пеколна. Натпреварот го одбележа погодокот на Давид Велковски кој на прекрасен начин ја потврди победата на „црвено-црните“.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

Се вчитува...