ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: Тажна Шкендија… Фудбал без квалитет, но најава за, како никогаш досега, израмнет шампионат!

Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 2. КОЛО

Втората рунда натпревари од новата сезона покажа само две нешта: Фудбалски квалитет во Првата лига да не очекуваме, но затоа, пак, еден од најнеизвесните шампионати во историјата ќе го имаме. Натпреварите без некој изразит квалитет, но од самиот старт на сезоната е веќе јасно дека првенството е израмнето, се чини, како никогаш досега. Квалитетот на екипите е на безмалку еднакво ниво од првиот до последниот. Па ниту Шкупи и Шкендија, се чини, воопшто нема да отскокнуваат од останатите. Напротив, Шкендија ако продолжи со формата од летово ја чека долга и тешка сезона…

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Ремзифаик Селмани (Ренова)

Одигра одличен натпревар за Ренова во триумфот во градската пресметка против Шкендија. Натпреварот го заокружи и со постигнат погодок за својот тим со кој максимално придонесе за трите бода на „гипсарите“.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Ќатип Османи (Ренова)

Успеа да го добие тетовското дерби. На извонреден тактички начин, со мудра и трпелива игра неговите избраници славеа против Шкендија. Османи уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите домашни тренери, овој пат умешно решавајќи го својот поранешен клуб.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Емир Скендери (Струга ТЛ)

Струга ТЛ дојде до првата победа сезонава и тоа благодарение на погодокот на Емир Скендери за минимален триумф над Пелистер. Одличната акција по левата страна, Скендери мајсторски ја заокружи со погодок со глава…


========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Шкендија тажна и посрамотена…

Се вчитува...