ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА – ТИМ НА СЕЗОНАТА: Стружани знаат како треба – Тиквеш ја освежи сезоната!

Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА СЕЗОНАТА

Струга ТЛ и сезонава успеа да докаже колку и како е доволно на македонската фудбалска сцена за да се дојде до шампионската круна. Сосема заслужено стружани ја одбранија титулата, искористувајќи ја притоа нестабилноста на двата најголеми ривали Шкендија и Шкупи кои и тоа како „варираа“ низ изминатава сезона, колку да и го олеснат патот на Струга ТЛ до трофејот. Од друга страна вистинско освежување на домашната фудбалска сцена е екипата на Тиквеш. Не поради освоената четврта позиција на табелата, со далеку помал буџет од водечката тројка, но затоа што покажа, на крајот и преку освоениот трофеј во Купот на Македонија, дека домашната фудбалска сила е малку потценета во однос на подпросечниот странски „контигент фудбалери“ кој упорно се носи во лигата. Па, Шкупи, на пример со десет странци во својот тим од кои 90% првотимци, не успеа да избори европски излез сезонава наспроти Тиквеш со само тројца странци во тимот. Чисто како показател, можеби, дека и клубовите далеку поголема придобивка за себе може да имаат од дома произведените сили доколку се истрае на патот на нивната изградба. Тиквеш сезонава беше добар пример за тоа.

==============================================

ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Струга ТЛ)

Бесарт Ибраими е како виното – со годините се подобар на македонската фудбалска сцена. И оваа сезона беше вистински лидер на Струга ТЛ на патот до одбрана на шампионската титула. Втор на листата на најдобрите стрелци, но сезонава и со значително поголема улога како тим-мотиватор и тоа како е еден од најзаслужните, заедно со Радески и Шабани, за трофејот на стружани.

================================

ТРЕНЕР НА СЕЗОНАТА: Ѓорѓи Мојсов (Тиквеш)

Без сомнение, и тоа како се издвои на македонската фудбалска сцена сезонава. Со далеку поскромен буџет од водечката тројка успеа да состави тим кој, се чини, повеќе од успешно знаеше да парира на најдобрите во текот на целата сезона. Сигурно во првенството, да не беа одредени непредвидени ситуација, Тиквеш можеше и заслужи многу повеќе и бодовно, но затоа пак Мојсов сиот свој тренерски квалитет го потврди и низ натпреварите во Купот на Македонија преку кој ги донесе кавадарчани до првиот трофеј во историјата.

==============================

ГОЛ НА СЕЗОНАТА: Ване Крстевски (АП Брера)

Уште во раната фаза од македонскиот шампионат сезонава, во 2. коло, младиот Ване Крстевски постигна спектакуларен гол во дресот на АП Брера. Погодок кој, без сомнение, ги одбележа најубавите голови сезонава во Првата македонска фудбалска лига.


ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

Се вчитува...