ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Титула се слави на Чаир, Академија Пандев и Шкендија во „пол-позиција“ за Европа

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

====================================

ТИМ НА 29. КОЛО

Шкупи и повеќе од заслужено стигна до титулата во Првата македонска фудбалска лига, откако со победата на домашен терен од 2-0 над Ренова и математички го озбезбеди трофејот за кој веќе по првата полусезона се знаеше дека ќе заврши на Чаир. Во борбата за Европа, Шкендија направи голем чекор напред откако славеше над директниот ривал Македонија ЃП со 3-1. Победа забележа и Академија Пандев која беше подобра од Брегалница со 2-1. На дното на првенствената табела Борец е се поблиску да му прави друштво на Пелистер во ВМФЛ следна сезона, а по победата на Скопје над Работнички, сега заедно со Тиквеш остануваат во игра за директен опстанок на сметка на тимот од Дебар маало.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Сандеј Адетунџи (Шкупи)  

Еден од главните виновници за титулата на Шкупи е нигерискиот интернационалец Сандеј Адетунџи. Сигурно ќе ја освои титулата најдобар стрелец, а неверојатната сезона ја круниса со голот кој донесе титула на Чаир против Ренова.

================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Шкупи) 

Гоце Седлоски уште еднаш докажа дека е експерт за освојување на титула во Првата македонска фудбалска лига. На уверлив начин стигна до титулата, која ја осигура и математички на четири кола до крајот на шампионатот.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Сандеј Адетунџи (Шкупи) 

Најдобриот фудбалер и стрелец во Првата македонска фудбалска лига, Сандеј Адетунџи на одличен начин ја круниса неверојатната сезона. Го постигна голот за водство од 1-0 против Ренова, кој значеше и титула за екипата на Шкупи.

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

==================================

ФОТО НА КОЛОТО: А сега, сите на терен! Време е за славје! 

Се вчитува...