ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Вардар ги слави Горазд и Дарко, пеколна ќе биде борбата за титула

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 22. КОЛО

Последното коло од вториот круг на натпревари во Првата македонска фудбалска лига ни донесе неверојатни натпревари. Најтрофејниот Вардар стигна до голема победа во градското дерби против Работнички (1-0), а херој за „црвено-црните“ беше Глишиќ кој постигна прекрасен гол во стилот на Артим Шаќири од корнер. Од водечкиот тројец до победа стигна само Струга ТЛ која на домашен терен со 2-1 беше подобра од „фенерџијата“ Македонија ЃП на чија клупа деби имаше Бобан Грнчаров. Шкупи одигра без голови 0-0 на гостувањето во Штип кај Брегалница, додека со истиот резултат заврши дуелот меѓу АП Брера и Струмица. Без победник, но 1-1 одиграа Воска и Гостивар, додека во источното дерби Тиквеш славеше со минимални 1-0 над Силекс.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Дарко Глишиќ (Вардар) 

Вардар стигна до голема победа во борбата за опстанок против градскиот ривал Работнички со 1-0. Херој на црвено-црните беше Дарко Глишиќ со прекрасен гол од корнер со кој го заслужи епитетот играч на рундата во ПМФЛ.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горазд Михајлов (Вардар)
Вардар полека, но сигурно фаќа залет во борбата за опстанок во ПМФЛ, а еден од главните виновници за тоа е стратего Горазд Михајлов. Одлично го подготви својот тим за дербито против Работнички и успеа да го надигра својот ривал на другата страна Гоце Седлоски.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Дарко Глишиќ (Вардар)

Најтрофејниот Вардар стигна до голема победа во градското дерби против Работнички (1-0), а херој за „црвено-црните“ беше Глишиќ кој постигна прекрасен гол во стилот на Артим Шаќири од корнер.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

 

Се вчитува...