ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Вардар го доби големото дерби против Шкендија, АП Брера ја шокираше Струга ТЛ

Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 10. КОЛО

Фудбалерите на Вардар стигнаа до голема победа во борбата за титулата откако славеа на гостувањето кај Шкендија во Тетово со минимални 0-1 во дерби натпреварот на македонскиот фудбал. Голема победа за скопјани донесе Давид Бабунски од пенал на стартот на вториот дел. АП Брера приреди вистинска сензација откако успеа да слави на гостувањето кај Струга ТЛ со 2-4. Силекс беше сигурен на домашен терен против Пелистер 3-1, а сигурен беше и Башкими (4-1) против „фенерџијата“ Шкупи. Арсими со неверојатен пресврт во последните десет минути славеше во Кавадарци против Тиквеш 3-4, додека без голови 0-0 одиграа Работнички и Македонија ЃП.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Фахд Ндзенгуе (АП БРЕРА)

АП Брера ја приреди најголемата сензација ова коло во ПМФЛ откако славеше со 2-4 на гостувањето кај Струга ТЛ. Најголем виновник за победата на струмичани беше Фахд Ндзенгуе кој постигна два гола и со тоа заслужено е избран за играч на рундата во ПМФЛ.

================================

 

 

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (ВАРДАР)

Фудбалерите на Вардар стигнаа до голема победа во борбата за титулата откако славеа на гостувањето кај Шкендија во Тетово со минимални 0-1 во дерби натпреварот на македонскиот фудбал. Тренерот на скопјани одлично го подготви својот тим за овој меч па затоа и заслужено е избран за тренер на колото.

==============================

 

 

 

 

 

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Бесмир Бојку (СТРУГА ТЛ) 

Фудбалерите на Струга ТЛ доживеаја изненадувачки пораз на домашен терен од 2-4 против АП Брера. Иако загубија натпреварот дефинитивно го одбележа евроголот на Бесмир Бојку кој е избран за најдобар во ова коло.

 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 6. КОЛО:

Се вчитува...