ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Вардар се буди, Чаир го слави Трапан, а Струга Радески

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 17. КОЛО

Дали Вардар конечно се разбуди или повторно е само ситен блесок на најтрофејниот македонски клуб кој во 17. рунда во ПМФЛ славеше против Македонија Ѓорче Петров со минимални 1-0. Дека ова ќе биде долга и ладна зима во редовите на „црвено-црните“ не е воопшто спорно, но оваа победа донесе барем малку топлина во редовите на најтрофејниот македонски клуб. Шкупи го доби големото дерби против Шкендија, а во Чаир се слави популарниот Брда кој со одличен погодок донесе голема радост во скопската населба. Брегалница повторно испушти три бода, откако во финишот од 2-0 и дозволи на Воска да стигне до 2-2, а реми одиграа и Силекс и Гостивар 1-1. Актуелниот шампион Струга ТЛ иако имаше негатива од 2-0 на гостувањето кај Тиквеш на крајот славеше со 2-3 и тоа најмнуго благодарение на Марјан Радески. Гоце Седлоски ја забележа првата победа на клупата на Работнички (1-0) на домашен терен против АП Брера.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Марјан Радески (Струга ТЛ) 

Актуелниот шампион Струга ТЛ иако имаше негатива од 2-0 на гостувањето кај Тиквеш на крајот славеше со 2-3 и тоа најмнуго благодарение на Марјан Радески кој заслужено го доби епитетот најдобар играч на 17. рунда во ПМФЛ.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Младен Жежовиќ (Шкупи)
Шкупи го доби големото дерби против Шкендија, а во Чаир се слави популарниот Брда кој со одличен погодок донесе голема радост во скопската населба. Стратегот на чаирчани Младен Жежовиќ уште еднаш го покажа своето тренерско умеење и тотално го надигра својот противник.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Христијан Георгиевски (Струга ТЛ) 

Актуелниот шампион Струга ТЛ иако имаше негатива од 2-0 на гостувањето кај Тиквеш на крајот славеше со 2-3, а победничкиот погодок за стружани беше дело на Христијан Георгиевски кој на феноменален начин го матираше противничкиот голман Димовски.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

ФОТО НА КОЛОТО: ФУДБАЛОТ  Е ПОВЕЌЕ ОД ИГРА!

 

Се вчитува...