ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Во Струга почнува да мирисa на титула, но и Тетово не е далеку

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 24. КОЛО

Актуелниот лидер Струга Трим и Лум им се врати на победите во домашниот шампионат откако во 24. коло славеше на гостувањето кај Работнички со 0-1. Стрелец на голот вреден големи три бода беше Христијан Малески. Струга со овој триумф повторно побегна на плус четири на првенствената табела бидејќи Шкупи повторно не успеа да слави против Академија Пандев играјќи само 1-1 во Струмица. Сето ова го искористи Шкендија која со победата од 0-2 над Струга сега е само на негатива од еден бод зад Шкупи. Горан Симов одлично ја стартуваше својата авантура на клупата на Македонија ЃП со победа на секогаш тешкото гостување во Кавадарци над Тиквеш од 0-1, додека Силекс го декласираше „фенерџијата“ Победа со 1-5.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Христијан Малески (Струга ТЛ) 

Струга Трим и Лум им се врати на победите во Првата македонска фудбалска лига откако славеше минимално против Работнички со 0-1. Стрелец на погодокот вреден големи три бода беше Христијан Малески со што и заслужено го доби епитетот најдобар играч на 24. рунда во ПМФЛ.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Симов (Македонија ЃП)

Горан Симов одлично ја стартуваше својата авантура на клупата на Македонија ЃП со победа на секогаш тешкото гостување во Кавадарци над Тиквеш од 0-1.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Аденис Шаља (Шкендија)

Шкендија полека, но сигурно се враќа во игра за титулата во Првата македонска фудбалска лига. Победата од 0-2 над Скопје ја одбележа неверојатниот погодок на Шаља кој заслужено е избран за најдобар на колото.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

ФОТО НА КОЛОТО: Шкендија ја освои Автокоманда

 

Се вчитува...