ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Захов е херојот на Воска против Вардар, Струга чекор поблиску до титула

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 28. КОЛО

Најтрофејниот македонски клуб Вардар загуби на домашен терен против Воска со минимални 0-1 во натпреварот што вредеше шест бода бидејќи двата тима се борат да го избегнат местото кое што води во бараж за опстанок. Одличен на голот на охриѓани беше Костадин Захов кој имаше неколку неверојатни интервенции, кои беа доволни неговиот тим да се радува на полн плен во Маџари. Струга е се поблиску до нова титула во ПМФЛ, откако од водечкото трио само таа успеа да стигне до победа. Стружани славеа со минимални 0-1 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Тиквеш продолжува со одличните партии, па откако успеа да се пласира во финалето на Купот на Македонија, викендов во Кавадарци падна и Шкендија која ја совладаа со 2-1. Силекс и Шкупи одиграа без голови 0-0 во Кратово, резултат очекуван согласно состајбата на теренот во овој град. Гостивар и Брера одиграа без победник 1-1, додека Работнички славеше на гостувањето кај Брегалница со 0-1.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Костадин Захов (Воска) 

Фудаблерие на Воска славеа со минимални 0-1 против Вардар во натпреварот што вредеше шест бода бидејќи двата тима се борат да го избегнат местото кое што води во бараж за опстанок. Одличен на голот на охриѓани беше Костадин Захов кој имаше неколку неверојатни интервенции, кои беа доволни неговиот тим да се радува на полн плен во Маџари.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ѓорѓи Мојсов (Тиквеш)
иквеш продолжува со одличните партии, па откако успеа да се пласира во финалето на Купот на Македонија, викендов во Кавадарци падна и Шкендија која ја совладаа со 2-1. Повторно одлично го подготви својот тим Ѓорѓи Мојсов кој заслужено е избран за тренер на рундата.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Бесарт Ибраими (Струга ТЛ) 

Струга е се поблиску до нова титула во ПМФЛ, откако од водечкото трио само таа успеа да стигне до победа. Стружани славеа со минимални 0-1 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Победничкиот погодок го постигна Бесарт Ибраими кој на феноменален начин го матираше противничкиот голман.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

Се вчитува...