ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Заврши уште една прволигашка авантура

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 33. КОЛО

Струга Трим и Лум со стил ја заврши историјата сезона во ПМФЛ во која стигна до трофејот со победа против големиот ривал Шкупи на домашен терен од 2-1. Шкендија со триумф над Работнички од 1-2 се прости од својот тренер Ќатип Османи кој повторно се раздели со тетовскиот клуб. Брегалница славеше во Автокоманда со 1-2 против Скопје, додека Тиквеш беше сигурен против „фенерџијата“ Победа (1-4). Единственото реми во оваа рунда го одиграа Академија Пандев и Силекс кои во Струмица ремизираа (2-2). До крајот останува уште да го дознаеме куп шампионот каде во финалето ќе се сретнат Струга ТЛ и Македонија ЃП, како и последниот патник во ПМФЛ следната сезона од бараж мечот меѓу Вардар и Скопје.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Марјан Радески (Струга ТЛ)

Струга Трим и Лум со стил ја заврши историјата сезона во ПМФЛ во која стигна до трофејот, а неверојатен натпревар во дербито против Шкупи и победата од 2-1 имаше Марјан Радески. Одличниот фудбалер постигна гол, а беше и дел од акцијата за победничкиот погодок на Бесарт Ибраими.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Здравков (Брегалница)
Брегалница со победа против Скопје од 1-2 ја заврши релативно успешната сезона. Популарниот Чалам постави темели во Брегалница, а петтото место во оваа кампања е добра иницијална каписла за следната сезона во која штипјани ќе ги нападнат местата кои водат во Европа.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Сандеј Адетунџи (Шкупи)

Иако Шкупи загуби во последниот натпревар на гостувањето кај Струга со 2-1, натпреварот го одбележа одличната акција на Брдаровски и Адетунџи која во тој момент донесе водство од 0-1 за чаирчани.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

 

Се вчитува...