Прва лига со 12 екипи, следната сезона ќе испаѓаат 4 екипи, единствена Втора лига од сезоната 2021/2022

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на утрешниот свој состанок и официјално треба да ја донесе одлуката Првата лига во следната 2020/2021 сезона да брои 12 екипи.

Сето тоа следи откако веќе е одлучено завршување на актуелната 2019/2020 сезона преку плеј-оф и плеј-аут, но без испаѓање од лигата која следната сезона ќе биде дополнета со првопласираните екипи од двете второлигашки конкуренции, Беласица и Пелистер. Оваа година второлигашкото натпреварување се прекинува, како и натпреварувањето во пониските конкуренции.

Со тоа што, согласно одлуката која се очекува да биде донесене утре, следната натпреварувачка сезона четири екипи ќе испаѓаат од Првата лига, а во елитата за сезоната 2021/2022 место ќе има само за првопласираните две екипи од двете второлигашки конкуренции, со што Првата лига повторно би била вратена на 10 екипи.

Согласно планираното, во следната 2020/2021 сезона, од двете второлигашки конкуренции ќе испаѓаат по три екипи, па по шест екипи од Истокот и Западот заедно со четирите победници во третолигашкото натпреварување за сезоната 2021/2022 сезона треба да создадат единствена Втора лига од вкупно 16 екипи.

Како што е познато, Управниот одбор на ФФМ на утрешниот свој состанок се очекува и официјално да ја донесе одлуката за продолжување на сезоната во Првата лига со одигрување на преостанатите 4 кола од третиот круг, а потоа уште пет кола преку плеј-оф кој треба да ги даде шампионот и двете екипи учеснички во Лигата на Европа. Купот на Македонија ќе се доигра со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во квалификациите за Лигата на Европа.

Се вчитува...