ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Беласица си ја победи и Шкендија, триумф на Вардар во Ѓорче Петров… (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 29. КОЛО

Скопје: ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-0)

Исени 86′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (1-2)

Вијачки 12′ – Ефремов 74′, Тимовски 76′

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА (2-1)

Георгиев 5′, Бејтулаи 64′(аг) – Шефити 70′

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС (1-0)

Миовски 5′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-2)

Колевски 41′, Колевски 87′

======================================================================================

  • КРАЈ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 30. КОЛО ВО ПМФЛ!
  • Крај на натпреварот во Струмица. Победа на Беласица!

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-2)

0-2 – 87′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Одличен погодок на Бојан Колевски кој, по соло акција, шутира од 15 метри

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-0)

1-0 – 86′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Шут на Бесар Исени од 25 метри, голем кикс на голманот на гостите Чубраковиќ и водство на чаирчани

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (1-2)

1-2 – 76′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Неверојатен пресврт на арената „Тодор Проески“. Брз контранапад на гостите, Каланоски нафрла од левата страна а Тимовски ја зафаќа топката со волеј удар од десеттина метри и го лобува домашниот голман

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (1-1)

1-1 – 74′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Катастрофална грешка на одбраната на Работнички, а Трајче Ефремов го користи киксот и израмнува

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (1-0)

69’ – Трајковски во убава шанса, но Јанков одбрани

БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА (2-1)

2-1 – 70′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Шефити со шут од 18 метри ниско по земја ја намалува предноста на домашните

БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА (2-0)

2-0 – 64′ – ГОООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Бејтулаи во желбата да врати до својот голман ефектно го лобува од 30 метри за водство на струмичани од 2-0!

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0)

55′ – Без погодоци единствено на натпреварот во Чаир

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (1-0)

!!! – 53′ – Баже Илијоски не успеа да реализира удар од белата точка. Го промаши целиот гол на гостите!

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (1-0)

46’ – Голема шанса за Победа. Макота шутира со глава од пеналтикот и ја погоди гредата од голот на Работнички

  • ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ…

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-1)

0-1 – 41′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Бојан Колевски ги носи „црвено-црните“ до водство во Ѓорче Петров

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (1-0)

40′ – Одлична шанса за Гофри. Сам пред голот на гостите, но шутира откосо непрецизно место да го проигра осамениот Баже Илијоски

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (1-0)

35’ – Пеев шутира од далечина, над голот на Победа

РЕНОВА – СИЛЕКС (1-0)

33′ – Убав шут на Стојановски од 18 метри, но брани гостинскиот голман

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-0)

25′ – Без многу возбудувања по првите 25 минути игра на дуелот во Ѓорче Петров. Единствената шанса досега за Тантуровски во 17. минута, но Гачевски одбрани

БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА (1-0)

21′ – Изаир Емини во можност за Шкендија, но од 15 метри шутира покрај левиот дирек

  • Комплетно сменет состав на тетовци. Во првиот тим на Шкендија ги нема стандардните првотимци, Захов, Мици, Муслиу, Мурати, Агим Ибраими, Радески, Жуниор, Алими, Имери…

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (1-0)

1-0 – 12′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. По корнерот од десната страна на Блажевски, Вијачки со волеј удар од 12 метри постигнува прекрасен гол за „романтичарите“

РЕНОВА – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 5′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Брз контранапад на домашните, одлично проигран Бојан Миовски кој осамен од 12 метри прецизно погодува за водство

БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА (1-0)

1-0 – 5′ – ГОООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. По нафрлувањето од левата страна мешаница пред голот на Шкендија и Пепи Георгиев од 7-8 метри носи водство за струмичани…. Беласица се бори за опстанок, за многумина очекувано! Или не!?

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 30. КОЛО ВО ПМФЛ….

======================================================================================

Во 30. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига погледите кон Струмица каде Беласица се соочува со лидерот Шкендија. Во претходното коло струмичани неочекувано победија со Академија Пандев. А, ако се суди по чудното варирање на коефициентите во обложувалниците, можна ли е победа и против Шкендија? 

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...