Возбудливо дерби со „реми“ на Чаир, катастрофа на Академија Пандев во Ѓорче Петров, победа на Работнички од Штип (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 17. КОЛО….

Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (1-1)

Алварез 88′ – Гури 70′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (4-1)

Матеус Да Силва 19′, Воша 42′, 50′, Попзлатанов 74′ – Хаџановиќ 90′

Тетово: РЕНОВА – ТИКВЕШ (1-1)

Мустафов 56′ – Нгоба 72′

Штип: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (1-2)

Стојанов 65′ – Ристовски 56′, Тодоровски 60′

Битола: ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ (1-3)

Размоски 25′ – Ѓорѓиев 24′, 73, Ѓорѓевиќ 59′,

Скопје: СКОПЈЕ – СТРУГА Т.Л. (1-0)

Кировски 77′

====================================================================================

  • Шкупи и Шкендија одиграа одличен натпревар во кој имаше возбудувања во финишот, и на крајот двата тима поделија по еден бод. Дуелот го одбележа прекрасниот гол на Алварез. Шкендија е првиот тим кој е непоразен од Чаир
  • Академија Пандев со голем „кикс“ во Ѓорче Петров и пораз од 4-1 од „лавовите“
  • Тиквеш освои голем бод од Тетово против Ренова
  • Скопје триумфираше над Струга, Пелистер и натаму губи бодови и е поразен од претпоследниот Борец. Работнички после лошата серија, со победа се враќа од Штип

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (1-1)

1-1 89′ – ГОООООЛ! Фреди Алварез од слободен удар од 22 метри погоди во горниот десен агол од голот на Захов кој беше немоќен. Прекрасен гол, магија на Алварез!

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (4-1)

4-1 90′ – ГОЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Хаџановиќ постигнува гол за гостите, и успева да го ублажи поразот

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (0-1)

79′ – Се тресе пречката на Шкендија по ударот на Брдаровски. И натаму тетовци имаат предност

СКОПЈЕ – СТРУГА Т.Л. (1-0)

1-0 77′ – ГОООООЛ, СКОПЈЕ ВОДИ! Искусниот Христијан Кировски погоди во мрежата на Струга, и постигнува гол за водство на домашниот тим

ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ (1-3)

1-3 73′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ! Велешани доаѓаат и до трет гол во Битола. Ѓорѓиев со втор гол се чини става точка на победата на Борец против „фенерџијата“

РЕНОВА – ТИКВЕШ (1-1)

1-1 72′ – ГООООООЛ ЗА ТИКВЕШ! По изведен корнер на првиот дирек, топката префрлена на вториот дирек кон Нгоба кој стрела во мрежата на Ренова

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 70′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА! Синдрит Гури ги „фати на спиење“ одбранбените играчи на Шкупи, и постигнува гол за гостинско водство на Чаир

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (1-2)

1-2 65′ – ГОООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА! Мартин Стојанов враќа и погодува за неизвесност во Штип во финишот од мечот

МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (4-0)

4-0 75′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП! Домашните немаат намера да застанат. Попзлатанов со лоб го совлада Јовановски за четврти гол во мрежата на гостите

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (0-2)

0-2 60′ ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ! Димитар Тодоровски брзо по водството на Работнички, носи 0-2 за „романтичарите“ и го доближува тимот блиску до победа

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 56′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Брз напад акција по десната страна, топка кон средината и лоша реакција на штипјани, топката дојде до Ристовски кој стрела во мрежата на Денковски

ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ (1-2)

1-2 59′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ! Крста Ѓорѓевиќ постигнува погодок за водство на велешани

РЕНОВА – ТИКВЕШ (1-0)

1-0 56′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА! Бурхан Мустафов погодува во мрежата на Димовски, и носи водство за Ренова

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (3-0)

0-3 50′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП! Арби Воша повторно се запиша во листата на  стрелците за веќе убедливи 3-0 за домашниот тим

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (2-0)

0-2 42′ – ГОООООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП! Речиси идентично како при првиот гол, брз противнапад, Воша излезе сам пред голот на Академија Пандев, и погоди за зголемување на водството на „лавовите“

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (0-0)

39′ – Сега Наумовски врати со две одлични интервенции. Прво Биљали сам пред голот на Шкупи, но супер интервенција на Наумовски, а потоа удар на Тимовски, но одново Наумовски феноменален

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (0-0)

35′ – Убава можност за Шкендија од слободен удар од 22-23 метри, обидот на Гури оди само за малку над голот на Наумовски

ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ (1-1)

1-1 25′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР! Битолчани веднаш враќаат и со гол на Размоски го израмнија резултатот

ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ (0-1)

0-1 24′ – ГОООООЛ! Борец води во Битола. Ѓорѓиев стрелаше во мрежата на Пелистер за гостинско водство

МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-0)

1-0 – 19′ ГООООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП! Матеус Лемос Да Силва погоди за ѓорчепетровци.Одличен противнапад, по кој Матеус избива сам пред Јовановски и пласира во мрежата за домашно водство

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (0-0)

17′ – Судијата Јакимовски ја прекина играта поради густиот чад од пиротехниката од страна на навивачите на Шкупи. После 2-3 минути, дуелот продолжи

16′ – Каква шанса за Шкупи! Одличен противнапад на чаирчани, Адетунџи го проигра Маркоски кој излезе сам, но Захов беше феноменален и ја спаси Шкендија од негатива

Стартните состави на Шкупи и на Шкендија:

====================================================================================

На натпреварите од денешното 17. коло од ПМФЛ, дербито е на Чаир, каде што Шкупи го пречекува составот на Шкендија. Дали Шкупи ќе се одлепи на 11 бодови, или, пак Шкендија ќе стигне до пет разлика, или можеби ќе остане иста разликата? Интересно ќе биде и во Ѓорче Петров, каде Македонија го пречекува составот на Академија Пандев. Во Штип Брегалница го пречекува Работнички, а Скопје на домашен терен го пречекува Струга Т.Л. 

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...