ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Кикс на Шкендија и Пелистер… Шкупи славеше со Работнички (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 4. КОЛО

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (2-1)

Мбела 4′, Јашароски 90’+4 – Садики 21′

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА (3-3)

Емини 30′, Ибраими 43′(п), Абдурахими 87′ – Најдовски 16′, Цветаноски 49′, Гешоски 53′

Битола: ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ (0-0)

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РЕНОВА (1-0)

Балдовалиев 61′(п)

ВЧЕРА

Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС 3-1

ТАБЕЛА: Шкендија 10Пелистер 8 бода, Академија Пандев 7Вардар(-1) 6Силекс 6, Победа 4, Работнички(-1) 3, Ренова 2, Шкупи 2, Скопје 2 бода.

=========================================================================

И Пелистер киксираше во Битола, не успевајќи да дојде до триумф против Скопје, играјќи без голови!

Академија Пандев славеше со 1-0 во пресметката со Ренова во Струмица!

КРАЈ И НА НАТПРЕВАРОТ ВО ЧАИР. Победа на Шкупи со гол во последните секунди!

КРАЈ НА ДУЕЛОТ ВО ТЕТОВО. Кикс на Шкендија…

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (2-1)

2-1 – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ – 90+4’ Ален Јашароски со удар од 15 метри, го совлада Шишковски

IMG_1193

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА (3-3)

3-3 – 87′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По убавата акција почната од Алими, Тодоровски пред голот на гостите го проигрува Абдурахими кој погодува од само неколку метри ниско по земја

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

83’ – Извонредно Стјепановиќ изведе слободен удар од 17 метри и ја погоди гредата од голот на Шкупи. Работнички пропушта шанса за водство

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА (2-3)

80′ – Домашните притискаат кон голот на Победа, но без посериозни шанси за гол

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

78’ – Стјепановиќ шутира од 20 метри, но некој блокираше во последен момент и топката отиде во корнер

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

76’ – Зука центрираше од левата страна, Јашароски упати удар со глава, но над голот

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 61′ – ГООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Со погодокот од пенал на Зоран Балдовалиев, „академците“ доаѓаат до предност во Струмица

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

59’ – Шабани нафрли од левата страна, а на пеналтикот Мбела не ја стигна топката, ќе имаше одлична позиција

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА (2-3)

2-3 – 53′ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. Каков натпревар во Тетово. За само четири минути повторно пресврт… По одличното нафрлување од десната страна, Гешоски со глава од 5-6 метри прецизно стрела во мрежата на Шкендија

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА (2-2)

2-2 – 49′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Прилепчани не планираат така лесно да се откажат од бодовите во Тетово. Одлична акција, која на мајсторски начин ја завршува Дејан Цветаноски со луциден гол со ножички од 7-8 метри

Почеток на вториот дел на дуелите од 4. коло во ПМФЛ

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА (2-1)

2-1 – 43′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Со погодокот на Бесарт Ибраими од пенал, Шкендија прави целосен пресврт за водство со Победа

ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ (0-0)

43′ – 100% шанса за Баже Илијоски. Сам на 5-6 метри пред голот на Скопје, со глава непречен од никого се обиде но покрај голот на гостите

IMG_1289

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

40’ Емир Сахити шутираше откосо од десната страна, но одбраната на Шкупи блокираше во последен момент.

ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ (0-0)

34′ – Најдобрата шанса на Пелистер на мечот, но во можноста на Илијоски, извонредно Личини спасува погодок на домашните

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

33’ – Идентична акција како и при голот, а сега Зендели спаси нов погодок за Работнички. Емир Сахити изведе корнер, Садики упати силен удар со глава, но Зендели со одлична интервенција спаси пак да се тресе неговата мрежа.

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА (1-1)

1-1 – 30′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Нафрлување од левата страна, а пред голот на Победа, најновото засилување Изаир Емини кој со глава од 7-8 метри стрела во мрежата на прилепчани

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ – 21’ – Емир Сахити изведе корнер од левата страна, Садики беше највисок во скокот и со удар со глава ја затресе мрежата на Шкупи

IMG_1160

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА (0-1)

0-1 – 16′ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. Филип Најдовски одличен во соло продор па шутира од 25 метри стрелајќи во долниот десен агол од голот на Шкендија

Pobeda radost

ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ (0-0)

8′ – Прва шанса за Пелистер. По нафрлањето од Тошевски, Баже Илијоски се обиде со ножички од шеснаесетникот на гостите, но непрецизно

pELISTER SO SKOPJE

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА (0-0)

7′ – Шкендија во иницијатива на почетокот од мечот, но без посериозна шанса за погодок

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ – 4’ – Стојкоски го проигра Мбела кој влезе во шеснаесетникот и од десетина метри упати силен удар, совладувајќи го Шишковски.

ПОЧЕТОК НА ЧЕТИРИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 4. КОЛО ВО ПМФЛ

  • Познати составите за пресметката во Тетово. Шкендија од првата минута ќе напаѓа со најновото засилување, Изаир Емини, а покрај него во нападот ќе бидат и Ибраими и Радески. Во средниот ред Тотре, Алими, Жуниор и Тодоровски, во одбраната Бејтулаи, Теќа и Бојку, и на голот Захов. Капитенот Ферхан Хасани опоравувајќи се од повредата, шанса ќе чека од клупата за резервни фудбалери.

=========================================================================

Стартуваат натпреварите од 4. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Денеска на програмата се останатите четири натпревари во Скопје, Тетово, Битола и во Струмица, откако вчера Вардар славеше со 3-1 против Силекс.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...