ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шкупи ја реши и Шкендија, „пандевци“ го освоија „Филип Втори“

Скопје: РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ (1-2)

Кабрал 95′ – Дориев 45′(п), Миловановиќ 93′

Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

Кратово: СИЛЕКС – ПОБЕДА (1-0)

Алексовски 65′(п)

Струмица: БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (0-0)

Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (1-0)

Бајрами 30′(п)

======================================================================================

  • КРАЈ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 22. КОЛО ВО ПМФЛ…

РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ (1-2)

1-2 – 95′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Евро-гол на Кабрал директно од слободен удар откосо од околу 20 метри

РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ (0-2)

0-2 – 93′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Сашко Пандев нафрли од левата страна, а нововлезениот Миловановиќ со глава од десеттина метри прецизен за 0-2

  • Крај на натпреварите во Струмица и во Кратово. Реми без голови меѓу Беласица и Вардар. Силекс победи со Македонија ЃП.

РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ (0-1)

85’ – Жунињо Кабрал одлично шутираше, но Чубраковиќ успеа да го спаси својот гол.

СИЛЕКС – ПОБЕДА (1-0)

1-0 – 65′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Дарко Алексовски од пенал носи предност за кратовци. И трет гол во 22. коло, и трет од пенал!

РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ (0-1)

50’ – Пеев упати бомба од далечина, но гредата го спаси голот на Академија Пандев

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

!!! – 49′ – Капитенот на Македонија ЃП, Боби Божиновски не успева да погоди од белата точка. Голманот на домашните Ѓуриќ го брани неговиот удар од пенал

РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ (0-1)

46’ – Илијоски нафрли, Петар Петковски шутираше од прва, но Чубраковиќ одлично одбрани

  • Почеток на вториот дел на петте натпревари од 22. коло во ПМФЛ…

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ….

РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ (0-1)

0-1 – 45’ – ГОООООЛ за Академија Пандев. Љупчо Дориев погодува од белата точка, откако претходно Милован Петровиќ играше со рака во домашниот шеснаесетник

РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

35′ – Одлично нафрлување од левата страна, Дориев со глава на вториот дирек од непосредна близина но Јанков брани

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (1-0)

1-0 – 30′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Муарем Бајреми прецизно погодува од белата точка, откако претходно Сержињо беше соборен во гостинскиот шеснаесетник

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (0-0)

25′ – Апсолутно досадно дерби во Чаир. Без посериозни можности за погодок и на двете страни

РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

21’ – Каква шанса за „пандевци“. Томислав Илиев излезе сам пред голот на Работнички, но Јанков одбрани и исфрли во корнер

БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (0-0)

20′ – Одличен шут на Најдовски од 25 метри, но брани домашниот голман

РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

19’ – Илијоски беше во шанса, но Димов исфрли во корнер

БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (0-0)

16′ – Извонредна шанса за Беласица, но Балдовалиев иако осамен пред голот на гостите шутира покрај десниот дирек

БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (0-0)

13′ – Прва можност за Беласица, Балдовалиев нафрли од десната страна од слободен удар а Џонов од десеттина метри се обиде но над голот на гостите

РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

9′ – Божиновски по повредата не може да ја продолжи играта, па на негово место влегува младиот голман на „романтичарите“, Ристе Јанков

БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (0-0)

9′ – Фелипе во убава можност, шутира од 12 метри од одлична позиција но крајно непрецизно

РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

6’ – Дориев шутира од голема далечина, Божиновски одбрани. При интервенцијата домашниот голман и се повреди, па му се укажува лекарска помош

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

1′ – 100% шанса за Македонија ЃП по само 30 секунди игра. Кировски со глава одлично се обидува од 7-8 метри, но домашниот голман брани од под самата греда исфрлајќи во корнер

РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

2′ – Прва шанса на натпреварот. Од десната страна Стоилов одлично нафрли пред голот на домашните, но Дориев на неколку метри за малку прекраток

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 22. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати состави за дуелот на Чаир… Шкендија во првиот тим ќе биде без капитенот Арменд Алими и Мевљан Мурати, но и Агим Ибраими и Стенио Жуниор…

  • Вардар во речиси истиот состав како на претходните првенствени натпревари и против Беласица во Струмица…

  • Познати и составите за пресметката на „Филип Втори“… Работнички во најсилниот состав, Академија Пандев без Велинов во првиот тим

======================================================================================

Во 22. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига, лидерот Шкендија гостува на Шкупи, додека Вардар против Беласица во Струмица во потрага по нови три бода. Интересен денешн дуел се очекува и на „Филип Втори“ каде Работнички ја пречекува екипата на Академија Пандев.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...