ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар во последната секунда се спаси од пораз, Работнички го реши Скопје (ФОТО + ВИДЕО)

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО…. 27. КОЛО

Скопје: СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-1)

Велинов 81′

Тетово: РЕНОВА – ПОБЕДА (2-1)

Лукас 38′, 69′ – Даноски 42′

Скопје: ВАРДАР – ШКУПИ (1-1)

Новак 90’+4 – Имери 31′

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (0-6)

Бојки 29′, Фазлагиќ 38′, Бејтулаи 41′, Жуниор 57′, Алими 61′, Радески 63′

Кратово: СИЛЕКС – АК. ПАНДЕВ (0-0)

Standings provided by Sofascore LiveScore

======================================================================================

КРАЈ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 27. КОЛО ВО ПМФЛ

ВАРДАР – ШКУПИ (1-1)

1-1 – 90’+4 – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Буквално во последните секунди од средбата, по акцијата од левата страна Новак со глава успеа да израмни за конечни 1-1 на „Филип Втори“

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО БИТОЛА. Убедлива победа на Шкендија од 0-6 против Пелистер!

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-1)

88’ – Нова шанса за Работнички, шутираше Гофри, но одбртаната на Скопје расчисти од гол линија

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 81′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Беше досуден пенал за Работнички откако соборен беше Велинов. Стјепановиќ изведе пенал, шутираше во дирекот, а одбиената топка дојде до Велинов, кој со глава ја погоди мрежата на Скопје

РЕНОВА – ПОБЕДА (2-1)

2-1 – 69′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Лукас користи грешка на гостинската одбрана, го минува и голманот Тофилоски и откосо сместува во празната мрежа на Победа

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

68’ – Стјепановиќ шутира од 25 метри, директно во голманот на Скопје

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (0-6)

0-6 – 63′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Брука на Пелистер во Битола. Со голот на Марјан Радески, Шкендија води и со 0-6

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (0-5)

0-5 – 61′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Во убава позиција се најде Алими кој не пропушта да зголеми на 0-5

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

58’ – Стјепановиќ центрираше од левата страна, Петковски ја зафати топката од 7 метри, но за малку крај голот на Скопје

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (0-4)

0-4 – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Гол на Жуниор кој доби употреблива топка пред голот на домашните и во пад одлично шутираше за водство и од 0-4

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

54’ – Велинов беше во шанса, се обиде да проигра во средината, но во последен момент расчисти одбраната на Скопје

РЕНОВА – ПОБЕДА (1-1)

54′ – Одличен шут на Гафури од 15 метри, но Тофилоски брани спречувајќи водство на домашните

РЕНОВА – ПОБЕДА (1-1)

50′ – Голема шанса Победа да дојде до предност. Гашоски и Лога во две одлични можности, но Кобетиќ брани

ВАРДАР – ШКУПИ (0-1)

50′ – 100% шанса за Максимов. Сам се најде пред голот на Шкупи, испрати удар со глава но крајно непрецизно, го промаши невозможното

  • Почеток на вториот дел на останатите четири дуели од 27. коло во ПМФЛ…

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО КРАТОВО. Силекс и Академија Пандев одиграа без голови, 0-0!

РЕНОВА – ПОБЕДА (1-1)

1-1 – 42′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Даноски со шут од 20 метри го изненади Кобетиќ за израмнување во Тетово

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (0-3)

0-3 – 41′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Нова одлична акција на гостите, која мајсторски од десната страна со погодок ја крунисува Бејтулаи

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (0-2)

0-2 – 38′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одлична акција по десната страна, Фазлагиќ шутира од 12 метри под гредата од голот на домашните

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 29′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По нафрлањето од левата страна, пред голот на Пелистер Бојку со глава сместува во мрежата на домашните

ВАРДАР – ШКУПИ (0-1)

0-1 – 31′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Прв погодок во 27. коло… Омар Имери го шокираше Вардар, одлично реагирајќи со глава пред голот на Алексовски по убавиот центаршут од левата страна

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

24’ – Јаневски шутира, но без голема опасност за Божиновски

  • Без ниту еден гол во првите 15 минути на четирите меча. Нема гол ниту во Кратово каде се игра 60-та минута.

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

12′ – Одличен обид на Филип Петковски, шутираше од 18 метри но за малку покрај левиот дирек од голот на Работнички

СИЛЕКС – АК. ПАНДЕВ (0-0)

!!!! – 53’ – Црвен картон за Миловановиќ од Академија Пандев поради груб старт над Благојевиќ

ВАРДАР – ШКУПИ (0-0)

6′ – 100% шанса за Вардар. Исени го пригра Битанг на пеналтикот пред голот на Шкупи, но неговиот шут заврши непрецизно покрај левиот дирек

ВАРДАР – ШКУПИ (0-0)

4′ – Барсегјан се најде во добра позиција, шутира од десеттина метри но Бајрами го блокираше неговиот шут

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

4′ – Одлична акција на Работнички, Стјепановиќ по десната страна го проигра Маркоски кој шутира од 7-8 метри откосо но брани домашниот голман

ПОЧЕТОК И НА ОСТАНАТИТЕ ЧЕТИРИ НАТПРЕВАРИ ОД 27. КОЛО ВО ПМФЛ…

    • По првото полувреме на дуелот во Кратово меѓу Силекс и Академија Пандев, кој стартуваше од 15 часот, играат без голови 0-0.

Најинтересната пресметка од денешното коло е во Автокоманда каде Скопје, во битката за опстанок, го пречекува Работнички, кој пак бара нов европски излез сезонава. Пелистер ја пречекува Шкендија во Битола, а Вардар на „Филип Втори“ ќе биде домаќин на Шкупи.

  • Вардар на дуелот против Шкупи ќе игра со комбинација на искусни фудбалери и младинци. Во тимот и на клупата ќе ги нема голманот Гачевски, ниту Попов, Глишиќ, Србинот Вања Марковиќ, како и од поодамна суспендираните Хамбарџумјан, Велковски и Стојчевски.

======================================================================================

Стартуваат натпреварите од 27. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Откако веќе е извесна битката за титулата, сега главните погледи се насочени кон битката за третото место на табелата и битката за опстанок.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...