ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Лесни победи за Шкендија и Вардар, Беласица и Силекс ќе бијат тешка битка за опстанок (ФОТО)

Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА (2-0)

Најдовски 45′, Реис Жуниор 50′

Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-2)

Радески 8′, 31′, Имери 40′, Муслиу 87′ – Тантуровски 59′, Карваљо 90′

Турново: АК. ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА (0-2)

Дробаров 21′, Георгиев 30′

Кочани: ПОБЕДА – ШКУПИ (0-3)

Серџо Жуниор 50′, Ангелов 73′, 83′

Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (1-0)

Георгиев 63′(п)

======================================================================================

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 29. КОЛО ВО ПМФЛ….

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-1)

4-1 – 87′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. И Висар Муслиу се запишува во листата на стрелците за водство од 4-1

ПОБЕДА – ШКУПИ (0-3)

0-3 – 83′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Втор гол на Виктор Ангелов, па водство од 0-3 за Шкупи

ПОБЕДА – ШКУПИ (0-2)

0-2 – 73′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Погодок на Виктор Ангелов за дуплирано водство на чаирчани

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 63′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Бобан Георгиев од пенал носи водство за Силекс

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-0)

62′ – 100% шанса за Чарлс Гофри. Излезе сам очи во очи со домашниот голман, но не успеа да постигне погодок

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-1)

3-1 – 59′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Брз контранапад на гостите, Тантуровски шутира од 16 метри и постигнува прекрасен погодок!

ВАРДАР – РЕНОВА (2-0)

2-0 – 50′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Реис Жуниор ја зголемува предноста на „црвено-црните“ против Ренова

ПОБЕДА – ШКУПИ (0-1)

0-1 – 50′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Среџо Жуниор носи водство за Шкупи на дуелот во Кочани против Победа од 0-1

  • Почеток на вториот дел од натпреварите во 29. коло од ПМФЛ….
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ВАРДАР – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 45′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Убав погодок на Филип Најдовски за водство на „црвено-црните“ пред полувремето

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-0)

3-0 – 40′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Нова одлична акција на домашните. Мурати центрираше ниско по земја од десната страна, а Омар Имер во трк од неколку метри сместува во мрежата на Македонија ЃП

ПОБЕДА – ШКУПИ (0-0)

35′ – Жесток старт на Ристески, добива опомена од судијата. Шанса за Броја на спротивната страна но расчистува одбраната на Победа

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-0)

2-0 – 31′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Марјан Радески и со втор гол на мечот, за водство од 2-0 за Шкендија

АК. ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА (0-2)

0-2 – 30′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Како никогаш претходно во шампионатот, Беласица за само 30 минути до водство од 0-2 против Академија Пандев. Стрелец Пепи Георгиев.

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

20′ – Одличен шут на Да Силва од 15 метри, но младиот голман на Шкендија Реџепи со извонредна интервенција спречува израмнување

АК. ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА (0-1)

0-1 – 21′ – ГОООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Влатко Дробаров ја носи Беласица до водство во струмичката пресметка против Академија Пандев

  • Без посериозни возбудувања на останатите терени по првите 15 минути…

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 8′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Извонредна соло акција на Агим Ибраими, мајсторски нафрли од левата страна а пред голот на гостите Радески со глава за водство од 1-0!

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

7′ – Прв корнер за тетовци, но без опасност по голот на Македонија ЃП

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 29. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати составите за дуелот меѓу Вардар и Ренова. „Вардарци“ во првиот тим без Битанг и Лира…

======================================================================================

Во 29. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига две тетовско-скопски пресметки. Шкендија ја пречекува Македонија ЃП, а Вардар на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари домаќин на Ренова. Интересен дуел и во Кратово каде Силекс се соочува со Работнички.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...