ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шкендија рутински, мирољубиво на дуелите во Скопје… (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 8. КОЛОСкопје: ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (1-1)Јашароски 69′ – Пеев 40′Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (2-0)Ибраими 6′, Хасани 35′Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-0)Прилеп: ПОБЕДА – СКОПЈЕ (4-2)Гешоски 29′, Илиески 45′, Цветаноски 49′, Маневски 92′ – Џугурдиќ 40′, Илијовски 55′(аг)АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР (одложен)

ТАБЕЛА: Шкендија 22 бодаАкадемија Пандев(-1) 14Вардар(-2) 13Шкупи 12, Силекс 10, Пелистер 9, Победа 8, Работнички(-1) 6, Ренова 6, Скопје 3 бода.

=========================================================================

КРАЈ И НА НАТПРЕВАРОТ НА „ФИЛИП ВТОРИ“. Реми без голови на Работнички и Силекс!

ПОБЕДА – СКОПЈЕ (4-2)

4-2 – 92′ – ГООООЛ НА ПОБЕДА. Борче Маневски стрела за Победа за конечен триумф!

Крај на дуелот во Чаир. Реми (1-1) меѓу Шкупи и Пелистер

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-0)

90+3’ – Сержо јуниор шутира кон голот, Игор Филиповиќ блокираше, а „романтичарите“ бараат пенал поради игра со рака. Сепак, не е досудена најстрога казна

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ТЕТОВО. Победа на Шкендија против Ренова од 2-0!

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-0)

85’ Кристијан Филиповски шутираше од слободен удар, но Шишковски одбрани

IMG_9829

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-0)

79’ – Бразилецот Сержо јуниор шутираше откосо од десната страна, но Митровиќ одбрани

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (1-1)

1-1 – 69′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Со погодокот на нововлезениот Ален Јашароски, Шкупи израмнува против Пелистер

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (2-0)

71′ – Бразилецот Меирелеш се најде во одлична шанса за Ренова, сам пред домашниот голман, но од 16 метри шутираше млако директно во Захов

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (2-0)

69′ – Одличен шут на Ферхан Хасани од 23 метри, но Кобетиќ брани од под самата греда исфрлајќи во корнер

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (2-0)

65’ – Убава шанса за Емран Ранадани, излезе сам пред Захов од десната страна, но голманот на Шкендија одбрани

ПОБЕДА – СКОПЈЕ (3-2)

3-2 – 55′ – ГОООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Автогол на Ристе Илијовски, Скопје ја ублажува предноста на домашните

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (2-0)

56’ – Гафури шутира од 30 метри, но непрецизно

ПОБЕДА – СКОПЈЕ (3-1)

3-1 – 49′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Дејан Цветаноски постигнува гол за сега зголемено водство на прилепчани

rabor-sileks 27.09 (7)

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-0)

50’ – Нововлезениот Сержо јуниор шутираше кон голотна Силекс, но Митровиќ одлично одбрани

Почеток на второто полувреме на дуелите од 8. коло во ПМФЛ

Крај на првото полувреме

ПОБЕДА – СКОПЈЕ (2-1)

2-1 – 45′ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. Дарко Илиески не дозволува многу радост за гостите, па повторно ја носи Победа до предност

ПОБЕДА – СКОПЈЕ (1-1)

1-1 – 40′ – ГООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Милош Џугурдиќ брзо израмнува на дуелот во Прилеп против Победа

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (0-1)

0-1 – 40′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Оливер Пеев носи водство за Пелистер на гостувањето против Шкупи на Чаир

ПОБЕДА – СКОПЈЕ (1-0)

1-0 – 29′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Искусниот Благоја Гешоски носи предност за Победа на дуелот против Скопје

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (2-0)

2-0 – 35′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Жуниор одлично го проигра Алими, кој излезе сам пред голманот, го лобуваше, од гол линијата спаси одбраната на Ренова, но Ферхан Хасани го потврди голот со удар со глава.

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-0)

34’ – Кадриу со непрецизен удар кон голот на Силекс

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)

30′ – Многу борба на дуелот во Чаир, но без некои посериозни шанси

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-0)

23′ – Одлична шанса за Шкендија, Хасани нафрли од десната страна но пред голот на Ренова за малку Емини не ја зафати топката

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-0)

15’ – Филип Дурански шутира од 20 метри, но директно во голманот на Силекс, Милан Митровиќ

IMG_9461

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-0)

13’ – Убава шанса за Валмир Нафиу, излезе сам пред Захов од левата страна, шутираше, но голманот на Шкендија одбрани

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 6′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одлично Изаир Емини по десната страна се ослободи од своите чувари, нафрли ниско по земја пред голот на Ренова каде на вториот дирек осамен Бесарт Ибраими од пет метри сместува во празната мрежа

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (0-0)

5’ – Арџент Гафури се обиде од словоден удар од 25 метри, над голот на Шкендија

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (0-0)

2’ – Тимов шутираше откосо од десната страна, се избори за прв корнер за Силекс. Филиповиќ по корнерот со глава, но над голот на Работнички

  • ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ ЗА ДУЕЛИТЕ ОД 8. КОЛО ВО ПМФЛ…
  • Пелистер на гостувањето против Шкупи повторно ќе биде без Баже Илијоски во офанзивата.

Sostav Skupi - Pelister

  • Во тетовското дерби, Шкендија во најсилен состав ќе се спротистави на Ренова…

Sostav Skendija - Renova

  • Работнички, пак, под палката на новиот тренер Горан Станковски ќе се спротистави на Силекс

Sostav Rabotnicki - Sileks

=========================================================================

Стартуваат натпреварите од 8. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Шкендија во желбата за продолжување на победите го игра тетовското дерби против Ренова, додека Работнички под водство на новиот тренер Горан Станковски игра со Силекс. Одложен е мечот меѓу Академија Пандев и Вардар, поради настапот на шампионот во Лигата на Европа.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...