ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Многу борба, па реми на дербито во Тетово!

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 1.КОЛО

Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (2-2) 

Ибраими 54′, Бојку 73′ – Барсегјан 5′, Попов 84′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (3-4) 

П. Петковски 23′, Стјепановиќ 55′(п) – Сулејмани 4′, Јусуфи 11′, Стојановски 48′


УТРЕ (17 часот)

Битола: ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА

Турново: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ

======================================================================================

КРАЈ И НА ДУЕЛОТ НА „ФИЛИП ВТОРИ“. Победа на Ренова од 3-4 на гостувањето против Работнички!

КРАЈ НА ДЕРБИ ПРЕСМЕТКАТА ВО ТЕТОВО. Реми на Шкендија и Вардар!

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (3-4) 

3-4 – 86’ – ГОООООЛ за Работнички. Автогол на Александар Ристевски за надеж за „романтичарите“.

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (2-2) 

2-2 – 84′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Горан Попов се одлучи да шутира од далечина, од повеќе од 25 метри, и погоди во долениот десен агол од голот на Захов

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (2-4)

2-4 – 68’ – ГОООООЛ за Ренова. Влатко Стојановски со својот втор гол носи повторно убедлива предност за гостите

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (2-1) 

2-1 – 73′ – ГООООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. И покрај тоа што е со играч помалку Шкендија преку Бесмир Бојку дојде до водство против Вардар

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (1-1) 

!!! – 64′ – Втор жолт картон за Арменд Алими поради приговор кон судијата Ставрев. И исклучување за капитенот на Шкендија!

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (2-3)

2-3 – 54’ Пенал за Работнички. ГОООООЛ за Работнички, 2-3. Остоја Стјепановиќ прецизен од белата точка.

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (1-1) 

1-1 – 54′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими директно од слободен удар до 20 метри под гредата од голот на немоќниот Гачевски

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (1-3)

1-3 – 47’ – ГОООООЛ за Ренова. Влатко Стојановски стрелаше за Ренова. Катастрофална грешка на одбраната на Работнички, тоа го искористи Влатко Стојановски, кој го матираше Божиновски

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-1)

44′ – Жестоки напади на домашните. Силен притисок кон голот на Вардар, но успешно гостите се бранат

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (1-2)

33’ – Недељковиќ шутира од 25 метри, над голот на Ренова

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-1)

37′ – Две убави можности за Валмир Нафиу, но сепак непрецизно во завршницата кон голот на Гачевски

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (1-2)

26’ – Шанса за Рамадани, но шутираше крај голот

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (1-2)

1-2 – 23′ – ГООООЛ за Работнички. Прекрасен погодок на Петар Петковски. Се одлучи на удар од 25 метри и погоди во горниот лев агол од голот на Кобетиќ.
РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-2)
21’ – Одлична шанса за Петар Петковски. Доби топка во празно, шутираше, но Кобетиќ одбрани.

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-2)

0-2 – 11′ – ГООООЛ за Ренова. По корнерот од левата страна, одбраната на Работнички не расчисти, топката дојде до Јусуфи, кој со удар со глава го удвои водството на гостите

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-1)

!!!!! – 12′ – ПЕНАЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Емини соборен во гостинскиот шеснаесетник… Ибраими од 11 метри но гредата го спасува голот на Вардар

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-1)

0-1 – 4’ – ГОООООЛ за Ренова. Јусуфи продре по левата страна, ја врати топката на работ на шеснаесетникот за Сулејмани, кој со одличен удар го совлада Божиновски.

 

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-1) 

0-1 – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР – 5′ – Феноменален шут на Барсегјан од 20 метри и Вардар до ескпресно водство на гостувањето во Тетово

ПОЧЕТОК НА ДВАТА НАТПРЕВАРИ ОД 1. КОЛО ВО ПМФЛ…

 

 

  • Познати составите за дерби пресметката меѓу Вардар и Шкендија во Тетово…

  • Познати составите и за дуелот меѓу Работнички и Ренова на „Филип Втори“…

======================================================================================

Стартува новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига. Два натпревари од денашната програма во која и дербито во Тетово меѓу Шкендија и Вардар. 

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...