РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 7. КОЛО
Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (1-2)
Мишевски 20′ – Ибраими 39′, Хасани 80′
Кратово: СИЛЕКС – ПОБЕДА (1-0)
Филиповски 52′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-2)
Гофри 8′ – Атанасов 27′(п), Мишов 75′
Битола: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-1)
Блажевски 31′
ВЧЕРА
Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ 0-0
ТАБЕЛА: Шкендија 19, Академија Пандев 14, Вардар(-1) 13, Шкупи 11, Силекс 9, Пелистер 8, Ренова 6, Работнички(-1) 5, Победа 5, Скопје 3 бода.
=========================================================================
КРАЈ И НА ОСТАНАТИТЕ ТРИ ДЕНЕШНИ ДУЕЛИ ОД 7. КОЛО ВО ПМФЛ
Крај на дербито во Битола: Минимална победа на Вардар од 0-1
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-1)
90’ – Одлична шанса за Пелистер. Цветановски нафрли од левата страна, Гачевски ја одби топката, а немаше кој да натрча за да ја погоди мрежата
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-2)
84’ – Кадриу шутираше откосо од десната страна, го погоди дирекот од голот на Академија Пандев
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (1-2)
1-2 – 80′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По одличната акција почната токму од него, и потоа нафрлањето од десната страна, Ферхан Хасани од само неколку метри стрела за заслужено водство на Шкендија
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-2)
1-2 – 75′ – ГООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Мишов доби топка по левата страна, се реши да пласира во спротивниот агол и го совлада Шишковски
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (1-1)
!!! – 69′ – Мешаница во Автокоманда. По еден жесток старт на Жуниор, реакција од домашната клупа па настана мешаница која за среќа набрзо се смири. Избегнат и поголем инцидент во Автокоманда
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-1)
67′ – Пелистер многу подобар од Вардар во второто полувреме. По нафрлувањето од десната страна, Пеев и Трифуновски сами се најдоа пред голот на гостите но ниту еден не успеа да ја искористи одличната топка
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-1)
61′ – Матеј Цветаноски во одлична можност, дојде на само 7-8 метри пред голот на Вардар но шутираше високо над голот на Гачевски
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-1)
60′ – Извонредна шанса за Барсегјан кој се најде сам пред голот на Пелистер, но од 15 метри шутираше непрецизно
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-1)
57’ – Кадриу му подготви шанса на Гофри, кој шутира над голот од 16 метри
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-1)
56′ – Одлична шанса за израмнување на Пелистер. Оливер Пеев се најде во одлична можност но не успеа прецизно да стрела од непосредна близина
СИЛЕКС – ПОБЕДА (1-0)
1-0 – 52′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Со погодокот на Кристијан Филиповски, Силекс поведува во Кратово против прилепска Победа
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (1-1)
47′ – Обид на Мурати откосо од околу 18 метри од левата страна, но сигурен домашниот голман
Почеток на второто полувреме на дуелите од 7. коло во ПМФЛ
КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-1)
43’ – Мишов имаше убава шанса за Академија Пандев, шутираше од 12 метри, но Шишковски одбрани
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (1-1)
1-1 – 39′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Со погодокот на Бесарт Ибраими, Шкендија израмнува на Автокоманда
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-1)
0-1 – 31′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Блажевски доби топка и реагираше одлично, надмудрувајќи го Јовановски со прецизен удар
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-1)
1-1 – 27′ – ГООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Јани Атанасов со удар од белата точка носи израмнување за гостите
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-0)
27’ – Голема шанса за Пелистер. Филип Петров на петерецот не ја стигна топката по уфрлувањето од левата страна
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-0)
22’ – Велинов шутира од 25 метри, но директно во голманот Вујанац
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (1-0)
1-0 – 20′ – ГООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Прекрасен гол на Филип Мишевски со шут од слободен удар од околу 25 метри, стрелајќи под гредата од голот на Захов
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-0)
17’ – Блажевски шутира од 18 метри, Јовановски одбрани и исфрли во корнер
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (0-0)
15’ – Прва голема шанса за Шкендија. Корнер од десната страна, Цуцули шутира со глава, но Кандикјан одбрани
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-0)
1-0 – 8′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Велинов го проигра Чарлс Гофри, кој излезе сам пред Вујанац и го совлада
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0)
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (0-0)
6′ – Вардар го диктира темпото на почетокот од мечот, но без посериозна шанса
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0)
3’ – Прва шанса за гол на Работночки. Стјепановиќ од слободен удар од 22 метри го погоди дирекот од голот на Академија Пандев
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (0-0)
3’ – Прв корнер за Скопје, но одбраната на Шкендија расчисти без проблем
ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 7. КОЛО ВО ПМФЛ
- Познат се и составите за дерби пресметката во Битола меѓу Пелистер и Вардар. Изненадувачки во тимот на Пелистер ќе го нема првиот офанзивец Баже Илијоски.
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР
ПЕЛИСТЕР: 12. Јовановски, 3. Тошевски, 4. Тодоровски, 7. Б. Љамчевски, 16. Ковачев, 17. Попзлатанов, 21. Маркоски, 22. Трифуновски, 30. Пеев, 77. Петров, 88. Илиев.
РЕЗЕРВИ: 1. Петровски, 8. Силва, 9. Миленковски, 15. Серафимов, 23. П. Љамчевски, 70. Цветаноски.
ВАРДАР: 90. Гачевски, 3. Попов, 5. Муслиу, 7. Џигаури, 9. Блажевски, 10. Николов, 11. Барсегјан, 16. Глигоров, 23. Демири, 30. Тодороски, 70. Фелипе.
РЕЗЕРВИ: 1. Алексовски, 8. Марковиќ, 17. Стојков, 18. Колевски, 19. Хамбарџумјан, 22. Стојчевски, 32. Глишиќ.
- Познати се составите за дуелот меѓу Скопје и Шкендија на Автокоманда
- Познати и составите за средбата меѓу Работнички и Академија Пандев
=========================================================================
Стартуваат натпреварите од 7. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Дербито се игра во Битола каде Пелистер го пречекува Вардар. Шкендија гостува на Скопје, а Работнички ќе се обиде да дојде до втора победа во низа против Академија Пандев.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА