ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шкендија го освои и „Тумбе кафе“, Силекс ги запре „академците“

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 9. КОЛО

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (1-3)

Хасани 3′, 39′, Жуниор 72′ – Цветаноски 74′

Скопје: СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

Кратово: СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-0)

Бујчевски 10′

Тетово: РЕНОВА – ПОБЕДА (0-0)

УТРЕ

Скопје: ВАРДАР – ШКУПИ

ТАБЕЛА: Шкендија 25 бодаАкадемија Пандев(-1) 14, Силекс 13Вардар(-3) 13Шкупи(-1) 12, Пелистер 9, Победа 9, Работнички(-1) 7, Ренова 7, Скопје 4 бода.

=========================================================================

Крај и на дербито во Битола. Заслужена нова победа на Шкендија, која го има најдобриот старт на една македонска екипа во последните пет сезони во Првата лига, со осум победи и едно реми во првите девет кола!

Крај и на натпреварот во Кратово. По четири натпревари без пораз, Силекс го совлада тимот на Академија Пандев!

Крај на дуелот во Автокоманда. Скопје и Работнички ремизираа без голови…

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

88’ Стјепановиќ изведе слободен удар од 25 метри, но директно во голманот Кандикјан

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (1-3)

83′ – Пеев се најде во одлична позиција на 16 метри, но шутира крајно непрецизно високо над голот на Захов

СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-0)

79′ – Тимовски се обиде со шут од околу 25 метри, но над голот на гостите

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (1-3)

1-3 – 74′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Брз погодок на Матеј Цветаноски за намалување на предноста на гостите

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (0-3)

0-3 – 72′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Нов контранапад, сега Ибраими убаво го проигра Жуниор на кого не му беше тешко да стрела и за 0-3

  • Без многу возбудувања во вториот дел на четирите терени во Првата лига…

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

60’ – Сахити шутира од 30 метри, но далеку од голот на Скопје

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (0-2)

55′ – Шут на Бесарт Ибраими откосо од слободен удар од околу 20 метри, но над гредата од голот на битолчани

СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-0)

50′ – Шут на Дориев од 20 метри, но високо над голот на Силекс

силекс - академија пандев

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

48’ – Рашо шутира откосо од десната страна, но непрецизно

ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ

Крај на првото полувреме на дуелите од 9. коло во ПМФЛ

Hasani gol

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (0-2)

0-2 -40′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Нешто слично како при првиот гол, нов брз контранапад Хасани избива сам пред голот на домашните и сега мајсторски со лоб удар го совладува противничкиот голман

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

38’ – Ѓурчиновски од 12 метри шутира кон голот на Работнички, но Шишковски одбрани

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

30’ – Херера шутираше од 20 метри, но Кандикјан е на вистинското место

IMG_1989

СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-0)

27′ – Добра можност за Сашко Пандев, шутираше од прва од 15 метри но непрецизно

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (0-1)

26′ – И Бесарт Ибраими се обиде со шут од 15 метри откосо, но директно во домашниот голман

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (0-1)

22′ – Нова одлична шанса за Шкендија. Хасани одлично продре, го пригра по левата страна Изаир Емини кој шутираше откосо но за малку крај десниот дирек од голот на Пелистер

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

17’ – Мишевски нафрли од слободен удар, Десниќ шутираше со глава, но крај голот на Работнички

IMG_1968

СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-0)

14′ – Одличен обид на Дориев од околу 18 метри, но за малку покрај левиот дирек од голот на Силекс

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ (0-0)

14’ – Херера стартуваше над Јаневски, кој излета во мрежата, а потоа настана и мешаница меѓу фудбалерите на двете екипи, која набрзо се смири

 СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-0)

1-0 – 10′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. По корнерот од десната страна, Бујчевски одлично реагира на 5-6 метри пред голот на гостите за водство на Силекс

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 3′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одличен контранапад на гостите, Жуниор мајсторски го проигра Хасани во празно кој изби сам пред голот на Пелистер и лесно стрелаше за 0-1

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 9. КОЛО ВО ПМФЛ

  • Познати составите за пресметката меѓу Пелистер и Шкендија во Битола. Пелистер е со само пет измени на клупата…

Sostavi Pelister Skendija

=========================================================================

Стартуваат натпреварите од 9. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Дербито се игра во Битола каде Пелистер ќе биде домаќин на Шкендија, а интересно се очекува да биде и во Кратово каде Силекс ја пречекува Академија Пандев.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...