ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: По еден бод за „фенерџиите“, Работнички поразен во драматичен финиш во Тетово!

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО…. 28. КОЛО

Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (2-3)

Колевски 43′, Блажевски пен. 46’ – Ибраими 6′, 52’, Муслиу 59’

Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (2-1)

Лукас 11’, Стојановски 90’+2 – Шаркоски 88′

Битола: ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (1-1)

Трифуновски 83′ – Даноски 59′

Кичево: СКОПЈЕ – СИЛЕКС (1-1)

Петковски 55′ – Г. Глигоров 16’

Турново: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (1-2)

Балдовалиев пен. 45’ – Шабани 33’, Илијоски 39’


Standings provided by Sofascore LiveScore

======================================================================================

КРАЈ И НА ДУЕЛОТ ВО ТУРНОВО. Шкупи славеше против Академија Пандев со 1-2!

КРАЈ И НА НАТПРЕВАРОТ ВО БИТОЛА. Реми во пелагониското дерби… Пелистер – Победа (1-1)!

КРАЈ ВО ТЕТОВО… ПОБЕДА НА РЕНОВА!

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (2-1)

2-1 – 90’+2 – ГООООЛ за Ренова, 2-1. Влатко Стојановски со удар со глава го совлада Божиновски!

Крај во Кичево. Скопје – Силекс без победник 1-1!

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 88’ – ГОООООЛ за Работнички. Од левата страна уфрли Серџо јуниор, Шаркоски беше осамен на вториот дирек и постигна погодок!

ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (1-1)

1-1 – 83’ – ГОООООЛ за Пелистер, 1-1. Иве Трифуновски носи израмнување на пелагониското дерби

АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (1-2)

!- 78′ – Чешмеџиев игра со рака и добива втор жолт картон за исклучување!

АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (1-2)

73′ – Одличен шут на Балдовалиев од 18 метри, но сантиметри покрај десниот дирек од голот на Шкупи

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

71′ – Гафури шутира од одлична шанса, но Божиновски брани исфрлајќи во корнер

АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (1-2)

68′ – Домашните фудбалери постојано напаѓаат во обид за израмнување. Марио Крстевски во шанса шутира, но покрај голот на Шкупи

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

65’ – Нафиу шутираше од 20 метри, но над голот на Работнички

ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (0-1)

0-1- 59’ – ГОООООЛ за Победа. Зоран Даноски со лоб удар носи водство за прилепчани на овој меч.

СКОПЈЕ – СИЛЕКС (1-1)

1-1 – 55’ – ГОООООЛ за Скопје. Филип Петковски со шут од 20 метри успеа да ја затресе мрежата на Силекс


СКОПЈЕ – СИЛЕКС (0-1)

52′ – Бопесу одличен шут од слободен удар, но за малку покрај дирекот од голот на кратовци

  • Почеток на второто полувреме…

Крај на првото полувреме на останатите четири дуели од 28. коло во ПМФЛ…

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ (1-2)

1-2 45’ – ГООООЛ за Академија Пандев, 1-2. Балдовалиев од пенал намалува во Турново. Благоја Љамчевски заработи црвен картон во редовите на Шкупи. 

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (2-3)

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ (0-2)

0-2 – 38’ – ГОООООООЛ за Шкупи, 0-2. Мат во два потези. Зендели дегажираше, Баже Илијоски ја претрча одбраната на домашните, излезе сам пред голот и го лобуваше голманот на Академија Пандев. 

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ (0-1)

0-1 33’ – ГООООООЛ за Шкупи, 0-1. Баже Илијоски се избори за топка во шеснаесетникот со сомнителен дуел, го проигра Шабани, кој од пет метри постигна водечки погодок. 

ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (0-0)

32’ – Лука Трајковски во шанса, шутираше, но Илчо Петровски успеа да одбрани.

ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (0-0)

30’ – Најголемата шанса на мечот досега. Даноски нафрли од десната страна, Гешоски шутира со глава, но за малку крај голот.

ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (0-0)

28’ Наумоски шутира од далечина, но без ефект кон голот на Пелистер.

СКОПЈЕ – СИЛЕКС (0-1)

0-1  16’ – ГООООООЛ за Силекс, 0-1. Глигор Глигоров носи предност за Силекс на дуелот против Скопје што се игра во Кичево.   

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

17’ – Кире Маркоски шутира од 20 метри, за малку крај голот на Ренова.

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (2-3)

66’ – Барсегјан шутира од слободен удар од 20 метри, но Реџепи одбрани.

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (2-3)

2-3 59’ – ГООООООЛ за Шкендија, 2-3. Висар Муслиу повторно носи предност, а сега Шкендија има предност на дербито.

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 11’ – ГООООООЛ за Ренова, 1-0. Лукас со удар со глава по корнерот од левата страна носи водство за Ренова.   

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (2-2)

2-2 52’ – ГООООООЛ за Шкендија. Бесарт Ибраими со одличен шут од слободен удар од 25 метри, носи ново израмнување на арената „Филип Втори“. 

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (2-1)

50’ – Шанса за Шкендија, Жуниор излезе сам пред Алексовски, шутираше, но голманот на Вардар одбрани.

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (2-1)

2-1 46’ – ГОООООООЛ за Вардар. Дејан Блажевски од пенал носи пресврт на мечот. Нововлезениот Хамбарџумјан нафрли, а Мурати играше со рака во сопствениот шеснаесетник.  

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ НА „ФИЛИП ВТОРИ“

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (1-1)

1-1 – 43′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Блажевски нафрли на вториот дирек каде Бојан Колевски со глава шутира пред голот на Шкендија, гостинскиот голман брани но во вториот обид по одбиената топка Колевски погодува!

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-1)

27′ – 100% шанса за Шкендија. Неверојатно што промаши Емини. Алими продре по десната страна, на вториот дирек го пронајде Емини кој од само неколку метри промаши цел гол

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-1)

21′ – Одлична акција на Шкендија, Жуниор во добра позиција шутира но Алексовски брани

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-1)

14′ – Блажевски се обидува со шут од 30 метри од слободен удар, но голманот на Шкендија, Беким Реџепи брани исфрлајќи во корнер

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-1)

12′ – Ибраими повторно во шанса, но Алексовски го брани неговиот удар од 12 метри

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 6′ – ГООООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Емини одлично го проигра Ибраими пред голот кој од 15 метри одлично шутира за 0-1

  • СРАМНО… Очајна посета на дербито од 28. коло… На „Филип Втори“ ниту 50 гледачи, ниту „Комитите“ на Запад!

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-0)

1′ – Прв обид на Вардар… Дејан Блажевски одлично шутира од околу 30 метри, за малку покрај дирекот од голот на Шкендија

Почеток на натпреварот на „Филип Втори“…

  • Дербито од 28. коло меѓу Вардар и Шкендија стартува од 15 часот. Откако Чеде Јаневски доби отказ од клубот, од кој се уште си ги очекува своите побарувања, поради што не се согласува на така лесно заминување, Бобан Бабунски (пријавен како кондициски тренер) заедно со помошникот Александар Васоски ќе го води тимот против Шкендија
  • Бабунски веднаш и со неколку измени во првиот тим на „вардарци“ во кој го нема ниту на клупата голманот Филип Гачевски. Во првиот тим се младинците Бојан Колевски и Фитор Реџепи место Максим Максимов и Никола Глигоров кои се на клупата, како и Исени, Хамбарџумјан кој по заминувањето на Јаневски се враќа во првиот тим…

======================================================================================

Стартуваат натпреварите од 27. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Откако веќе е извесна битката за титулата, сега главните погледи се насочени кон битката за третото место на табелата и битката за опстанок.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...