РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 35.КОЛО
Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-3)
Ибраими 18′, 20′, Жуниор 30′
Скопје: СКОПЈЕ – ПОБЕДА (1-0)
Алексовски 17′(п)
Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (0-2)
Илијоски 29′, Имери 33′
Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-0)
Скопје: ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (3-2)
Максимов 51′, 89′, Барсегјан 66′ – Пандев 45′, Марков 79′
ПОСЛЕДНО, 36. КОЛО (недела, 20. мај)
ПОБЕДА – РЕНОВА
ШКУПИ – ВАРДАР
АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС
РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР
========================================================================================
КРАЈ И НА ДУЕЛОТ ВО КРАТОВО. Реми без голови меѓу Силекс и Работнички!
КРАЈ НА МЕЧОТ ВО АВТОКОМАНДА. Победа за Скопје против Победа! Скопјани бркаа победа од два гола, но неуспешно!
КРАЈ И НА НАТПРЕВАРОТ НА „ФИЛИП ВТОРИ“. Вардар победи против Академија Пандев!
КРАЈ И НА НАТПРЕВАРОТ ВО БИТОЛА. Голема победа на Шкупи во трката за Европа!
КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ТЕТОВО. Убедлив триумф на Шкендија од 0-3 против Ренова!
ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (3-2)
3-2 – 89′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Максимов повторно погодува за ново водство на Вардар!
ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (2-2)
2-2 – 79′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Со погодокот на Ѓорѓи Марков, струмичани доаѓаа до израмнување
СКОПЈЕ – ПОБЕДА (1-0)
73′ – Гешоски во одлична позиција, шутира од десеттина метри но за малку покрај десниот дирек од голот на Скопје
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-0)
72 – Ѓорѓевиќ беше во убава шанса, шутираше од 16 метри но крај голот
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-0)
63 – Маркос шутира од 30 метри, крај голот на Божиновски.
ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (2-1)
2-1 – 66′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Пресврт на ‘Филип Втори’… Барсегјан носи предност за „вардарци“
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-0)
56 – Алековски шутира од слободен удар од 25 метри, над голот на Работнички.
СКОПЈЕ – ПОБЕДА (1-0)
55′ – 100% шанса за Скопје. Димитровски изби очи во очи со гостинскиот голман, шутираше ниско по земја од 15 метри но покрај левиот дирек од голот на Победа
ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (1-1)
1-1 – 51′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Русинот Максимов носи израмнување за Вардар на „Филип Втори“
- Почеток на второто полувреме на натпреварите од 35. коло во ПМФЛ….
КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ….
ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (0-1)
0-1 – 45′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Сашко Пандев носи водство за струмичани на „Филип Втори“
СКОПЈЕ – ПОБЕДА (1-0)
40′ – Одлична шанса за Победа, но Виктор Велкоски ја погодува само гредата од голот на домашните
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (0-2)
0-2 – 33′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Брза акција на гостите, од левата страна нафрлување а Омар Имери осамен пред голот на Пелистер од само неколку метри стрела во празната мрежа
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-0)
35 – Тимовски центрираше од десната страна, Алексовски зафати волеј на пеналтикот, но Божиновски успеа да одбрани
РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-3)
0-3 – 30′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Ренова изведе аут од својата половина и веднаш ја загуби топката, Ибраими го проигра Жуниор, кој зголеми на 0-3.
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (0-1)
0-1 – 29′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Поранешниот фудбалер на Пелистер, Баже Илијоски стрела во Битола и носи водство за Шкупи
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-0)
20 – Ѓорѓевиќ шутира од десната страна над голот на Работнички.
СКОПЈЕ – ПОБЕДА 1-0
1-0 – 17′ – ГООООЛ ЗА СКОПЈЕ… Огромен погодок за домаќинот во клучната битка за опстанок. Судијата досуди пенал за Скопје, што Алексовски го претвори во гол за водство.
РЕНОВА – ШКЕНДИЈА 0-2
0-2 – 20′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА… Уште една одлична акција на гостите, Радески втрча во шеснаесетникот од десната страна, несебично ја врати топката до Ибраими, кој со помош на гредата зголеми на 0-2.
РЕНОВА – ШКЕНДИЈА 0-1
0-1 – 18′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА… Одлична акција на „црвено-црните“, топката од десната страна беше упатена до срцето на шеснаесетникот до Бесарт Ибраими, кој немаше проблеми да ја смести во мрежата на Ренова.
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
12′ – Голема двојна шанса за Силекс. Ѓоргиев биеше од десетина метри, Божиновски кратко ја одби топката, домаќините налетаа на неа и повторно биеја од непосредна близина, но голманот на Работнички со извонредна интервенција ја сочува мрежата незатресена.
ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 35. КОЛО ВО ПМФЛ…
- Клучниот дуел за Европа денеска во Кратово… Силекс и Работнички во директна пресметка одлучуваат за европскиот излез…
- Централната битка за опстанок, пак, во Автокоманда. Последна шанса за Скопје, во директен дуел против Победа, да остане со надеж за опстанок!
======================================================================================
Стартуваат натпреварите од 35. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Откако веќе е извесна битката за титулата, сега главните погледи се насочени кон битката за европски излез и битката за опстанок.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА