ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Победи за Шкендија и Вардар, Шкупи го запре победничкиот од на „пандевци“ (ФОТО)

Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-1)

Најдовски 30′, Ибиши 33′, Фелипе 74′ – Стјепановиќ 63′

Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА (0-0)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (0-2)

Трајановски 45′ (аг), Ангелов 78′

Кичево: ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

Димитровски 21′

======================================================================================

  • Крај и на натпреварот во Маџари. Прва пролетна победа на „вардарци“!
  • Крај на натпреварите во Тетово и во Струмица. Победи на Шкендија и на Шкупи кој ги изненади „пандевци“

ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА (3-0)

3-0 – 87′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Омар Имери во продор по левата страна, прецизно стрела ниско по земја иако Маслаќ пред гол-линијата во обид да исфрли сам ја затресе мрежата

ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА (2-0)

2-0 – 83′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Ремек дело на Агим Ибраими директно од слободен удар од 25 метри, стрела под гредата од голот на Беласица

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-1)

78′ – Одлична шанса за Македонија ЃП. Тантуровски во извонредна позиција шутира, но Гачевски брани

АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (0-2)

0-2 – 78′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Виктор Ангелов ја зголемува предноста на чаирчани во Струмица

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-1)

3-1 – 74′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Голема грешка на Мишевски, Фелипе краде топка избива во контра и рутински ниско по земја го совладува Марко Јовановски

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-1)

2-1 – 63′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Евро-гол на Стјепановиќ, со волеј зафати топка од 20 метри и смести во самиот агол од голот на Гачевски!

ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА (1-0)

1-0 – 54′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Мици нафрли од левата страна, Жуниор ја спушти топката пред голот на Беласица каде Изаир Емини од непосредна близина носи водство за домашните

ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НА ЧЕТИРИ НАТПРЕВАРИ ОД 21. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Полувреме во Кичево….
  • Крај на првото полувреме, со исклучок на мечот во Кичево меѓу Победа и Работнички кој почна со задоцнување

АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (0-1)

0-1 – 45′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Филип Трајановски си постигнува автогол по нафрлањето од левата страна пред голот на домашните

СИЛЕКС – РЕНОВА (0-0)

!!! – 39′ – Ренова продолжува со играч помалку по исклучувањето на Емран Рамадани

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 21′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Прва шанса за гостите и гол. По корнерот од десната страна, Владимир Димитровски скокна во петерецот и со удар со глава ја затресе мрежата

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 31′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Филип Најдовски. По нафрлањето од левата страна од слободен удар на Фелипе, пред голот на гостите Најдовски и од неколку метри сместува во мрежата на противникот

  • БЕЗ НИТУ ЕДЕН ГОЛ ПО ПОЛОВИНА ЧАС ИГРА НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 21. КОЛО ВО ПМФЛ !!?

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

25′ – Без ниту една шанса на двете страни по 25 минути игра на „Борис Трајковски“

  • КОНЕЧНО, СО 20 МИНУТИ ЗАДОЦНУВАЊЕ, ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРОТ ВО КИЧЕВО МЕЃУ ПОБЕДА И РАБОТНИЧКИ….

АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (0-0)

18′ – Обид на Муарем Бајрами од 20 метри, но Чубраковиќ брани

ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА (0-0)

16′ – Нова убава можност за тетовци. По нафрлањето од левата страна, Жуниор од 7-8 метри највисок во скокот со глава, но покрај левиот дирек од голот на Беласица

АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (0-0)

7′ – Шанса за Академија Пандев. Томислав Илиев осамен на работ од шеснаесетникот пред голот на Шкупи, се обиде да го лобува истрчаниот гостински голман но неуспешно

  • Мечот во Кичево меѓу Победа и Работнички и по 15 минути од предвидениот термин уште не е започнат… Во 21. век се уште се чека возило на Брза помош без кое не може да стартува официјален натпревар!

ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА (0-0)

8′ – Прва шанса за Шкендија. Омар Имери шутира од 16 метри, но од под самата греда брани гостинскиот голман исфрлајќи во корнер

  • !!! Натпреварот во Кичево не е започнат затоа што се уште се очекува пристигнување возило на Брзата помош…

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 21. КОЛО ВО ПМФЛ….

  • Познати составите за пресметката меѓу Вардар и Македонија ЃП на „Борис Трајковски“…

  • Шкендија против Беласица без Агим Ибраими во првиот тим…

======================================================================================

Во 21. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига, лидерот Шкендија во потрага по нови три бода против Беласица додека Академија Пандев на домашен терен го пречекува тимот на Шкупи. Вардар ја бара првата пролетна победа против Македонија ЃП.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...