ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Пелистер го „торпедира“ Силекс, Победа повторно води… (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 3. КОЛО

Скопје: СКОПЈЕ – РЕНОВА (0-0)

Кратово: СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР (1-4)

Тимов 84′ – Пеев 37′, 58′, 70′, Илиоски 76′

Прилеп: ПОБЕДА – ШКУПИ (2-1)

Карчески 61′, Гешоски 73′ – Стојкоски 64′

УТРЕ

Тетово: ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (одложена)

ТАБЕЛА: Пелистер 7 бода, Шкендија(-1) 6Силекс 6, Академија Пандев(-1) 4, Вардар(-1) 3, Победа 3, Работнички(-1) 2, Ренова 2, Шкупи 1, Скопје 1 бод.

=========================================================================КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО КРАТОВО. УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕР ОД 1-4!СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР (1-4)

1-4 – 84′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Домашните преку Филип Тимов успеваат да го ублажат водството на Пелистер

СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР (0-4)0-4 – 76′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Дебакл на кратовскиот тим, Пеев поведе брз контранапад убаво го проигра Илијоски кој изби сам пред голот на Силекс и прецизно стрелашеПОБЕДА – ШКУПИ (2-1)2-1 – 73′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. По нафрлувањето од десната страна, Гешоски од десеттина метри одлично со глава сместува во мрежата на гоститеСИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР (0-4)

0-3 – 70′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Хет-трик на Оливер Пеев. Овој пат со еврогол со шут од 30 метри стрела под гредата од голот на Силекс

ПОБЕДА – ШКУПИ (1-1)

1-1 – 64′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Кристијан Стојкоски се проби по десната страна, се обиде да центрира но топката изненадувачки завршува во спротивниот агол под гредата од голот на Победа

ПОБЕДА – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 61′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Лошо одбиена топка со глава од гостинската одбрана, па Карчески убаво ја смирува топката и ниско по земја стрела од 15 метри за водство на прилепчани

СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР (0-2)

0-2 – 58′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. По мешаницата пред голот на Силекс, и лошата интервенција на домашните дефанзивци, Пеев краде топка пред голот на кратовци и од непосредна близина носи водство од 0-2

ПОБЕДА – ШКУПИ (0-0)55′ – Во убава можност се најде Најдовски, но гостинскиот голман на време интервенираПочеток на вториот дел на дуелите во Кратово, Скопје и ПрилепSkopje - Renova 6КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ НА ТРИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 3. КОЛО ВО ПМФЛ

ПОБЕДА – ШКУПИ (0-0)

40′ – Голема шанса за Победа, Гешоски шутираше од околу 16 метри, топката се одби од еден дефанзивец на Шкупи, но Маневски за малку беше прекраток на само неколку метри осамен пред голот на гостите

 СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР (0-1)

0-1 – 37′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Брза акција на гостите по која Оливер Пеев прецизно стрела за водство на „зелените“

ПОБЕДА – ШКУПИ (0-0)20′ – Борче Маневски се обиде со шут од далечина, но лесен плен за гостинскиот голманСКОПЈЕ – РЕНОВА (0-0)20′ – Гафури се закани со удар од околу 25 метри, но нема погодок во мрежата на домашнитеSkopje - Renova 1СКОПЈЕ – РЕНОВА (0-0)13′ – Десниќ се најде во убава позиција пред голот на Ренова, но шутира непрецизноПОБЕДА – ШКУПИ (0-0)12′ – Голема шанса за Шкупи. Јашаревски испрати одличен шут од околу 30 метри, но дирекот го спаси голот на домашнитеSkopje - Renova 2СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР (0-0)

12′ – Силекс ја презеде иницијативата на дуелот во Кратово, но со игра главно на средината од теренот без посериозна можност

ПОБЕДА – ШКУПИ (0-0)9′ – Мирен почеток на дуелот во Прилеп, без шанси и на двете страниСИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР (0-0)3′ – Прва можност за Пелистер, по десната страна се проби Петров но шутираше над голот на домашнитеПОЧЕТОК НА ТРИТЕ ДЕНЕШНИ НАТПРЕВАРИ ОД 3. КОЛО ВО ПМФЛ

  • Тажна слика на македонските стадиони. Пред самиот почеток на трите натпревари од 3. коло во ПМФЛ нема вкупно ниту 500 гледачи на трибините…
  • Празно во Кратово…
  • Празно во Прилеп..

prilep

  • Празно на Автокоманда…

avtokomanda

=========================================================================

Стартуваат натпреварите од 3. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Денеска на програмата се три натпревари од третото коло, во Скопје, Кратово и во Прилеп.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...