ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Порази на Вардар и Шкендија… (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 11. КОЛО

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (3-1)

Сержо јуниор 17′, Стјепановиќ 73′, Тодоров 82′ – Блажевски 70′(п)

Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА (1-0)
Јашароски 85′

Тетово: РЕНОВА – СКОПЈЕ (5-1)

Незири 60′, Костов 68′, Лукас Меирелеш 72′, Скендери 77′,85′ – Ѓурчиновски 89′

Битола: ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (1-2)
Лукас 5′ – Георгиев 67′, Тимов 76′

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (3-2)

Балдовалиев 24′, Марков 52′, Чешмеџиев 90′ – Радески 53′, Ибраими 71′

ТАБЕЛА: Шкендија 28 бодаАкадемија Пандев(-1) 21, Вардар(-2) 19Силекс 18Шкупи 15, Ренова 14, Работнички(-1) 13, Пелистер 12, Победа 12, Скопје 6 бода.

=========================================================================

КРАЈ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 12. КОЛО ВО ПМФЛ

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (3-2)

3-2 – 90′ – ГОООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Константин Чешмеџиев шутира од 14 метри по корнерот од десната страна и го совлада Захов

Akademija Pandev radost

ШКУПИ – ПОБЕДА (1-0)

1-0 – 85′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Ален Јашароски ги носи чаирчани до водство на дуелот со Победа

РЕНОВА – СКОПЈЕ (5-0)

5-0 – 85′ – ГОООЛ ЗА РЕНОВА. Со вториот погодок на Скендери, Ренова води и со 5-0

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (1-2)

1-2 – 76′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Комплетен пресврт во Битола. Силекс со голот на Филип Тимов води со 1-2

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (3-1)

3-1 – 82′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Серџо јуниор одлично го мина демири, нафрли, а Миле Тодоров со глава постигнува трет гол за Работнички

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (2-1)

79′ – Голема шанса за Велинов, шутираше над голот од десетина метри

РЕНОВА – СКОПЈЕ (4-0)

4-0 – 77′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Веќе убедлива предност за „гипсарите“ со голот на Љавдрим Скендери

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (2-1)

2-1 – 73′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Блажевски играше со рака во шеснаесетникот по центаршутот на Серџо јуниор. Стјепановиќ сигурен реализатор од пенал!

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (2-2)

2-2 – 71′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими доби топка по левата страна, шутираше откосо и го совлада Вујанац

Akademija Pandev - Skendija 10

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (1-1)

1-1 – 69′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Садики стартуваше над Демири во шеснаесетникот на Работнички, судијата Мечкаровски досуди пенал. Блажевски сигурен реализатор од белата точка

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (1-1)

1-1 – 67′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Бобан Георгиев стрела за кратовци за израмнување на дуелот во Битола

РЕНОВА – СКОПЈЕ (2-0)

2-0 – 68′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Стефан Костов ја зголемува предноста за „гипсарите“

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (1-0)

66′ – Убава шанса за Работнички. Рашо нафрли од десната страна, Велинов шутираше со глава, но над голот

РЕНОВА – СКОПЈЕ (1-0)

1-0 – 60′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Со голот на Меџит Незири, Ренова води против Скопје

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (1-0)

58′ – Максимов се обиде со удар со глава, но не ја зафати најдобро топката

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (2-1)

2-1 – 53′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Марјан Радески со шут од 14 метри постигнува гол за Шкендија

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (2-0)

2-0 – 52′ ГООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Вареловски нафрли од десната страна, а Ѓорѓи Марков со гради на вториот дирек постигнува гол за Академија Пандев

rab-vardar 25.10 (4)

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (1-0)

47′ – Одлична шанса за Работнички. Серџо јуниор му подготви можност на Стјепановиќ, тој шутираше од 14 метри, а Гачевски одбрани со крајни напори

Почеток на второто полувреме на дуелите од 12. коло во ПМФЛ…

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (1-0)

38′ – Топката среќно дојде до Николов откако се сплетка Максимов, но неговиот шут од 12 метри завршува високот над голот на Работнички

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-0)

34′ – И Хасани се најде во убава позиција, шутира од 16 метри но Вујанац повторно брани

Akademija Pandev - Skendija 4

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-0)

32′ – Убава шанса за Радески, кој шутира со глава, но Вујанац одбрани

РЕНОВА – СКОПЈЕ (0-0)

33′ – Скопје останува со играч помалку, откако Ѓоко Алексовски доби втор жолт картон

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (1-0)

30′ – Гофри истрча во противнапад, шутираше од 16 метри, но крај голот на Гачевски

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-0)

1-0 – 24′ – ГООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Одлична акција на домашните, Балдовалиев избива сам пред голот на Шкендија и рутински носи водство за „пандевци“

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-0)

21′ Хасани нафрли, а Изаир Емини со волеј удар беше за малку непрецизен

IMG_4143

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 17′ – ГОООООЛ за Работнички. Рашо нафрли од десната страна, а Серџо јуниор со волеј удар успеа да го совлада Гачевски

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-0)

14′ – Изаир Емини шутира од 25 метри, но Вујанац одбрани

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (0-0)

10′ – Мирно на пресметката на „Филип Втори“. Полушанса за Вардар, Максимов се најде во добра позиција по нафрлањето на Хамбарџумјан но неспретно реагираше

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 5′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Лукас ја користи заспаноста на гостинската одбрана и носи водство за битолчани

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-0)

2′ – Атанасов изведе слободен удар и го погоди живиот ѕид, а во втор обид Вареловски шутираше кон голот на Захов

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 12. КОЛО ВО ПМФЛ

Неочекувано силно обезбедување за дуелот на „Филип Втори“ меѓу Работнички – Вардар… а гледачи ни за „лек“!

IMG_3895

  • Познати се составите за дерби пресметката меѓу Работнички и Вардар на „Филип Втори“…

Состави Работнички - Вардар

  • На пресметката во Струмица, Шкендија ќе напаѓа со најдобриот свој состав, додека Академија Пандев ќе биде без репрезентативецот Љупчо Дориев.

Состави - Академија Пандев - Шкендија

  • Познати стартните состави и за пресметката во Битола…

Состави - Пелистер - Силекс

=========================================================================

Стартуваат натпреварите од 12. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Официјално, согласно одлуката на ФФМ, денеска, сепак, ќе биде игран и одложениот натпревар од 3. коло меѓу Работнички и Вардар на кој ќе бидат домаќини „романтичарите“. Нивниот меѓусебен дуел од 12. коло, на кој Вардар ќе биде домаќин, ќе се игра на 13. декември.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...