РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 3.КОЛО
Турново: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (1-0)
Димов 21’
Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)
Барсегјан пен. 41’
Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА (1-0)
Битола: ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-2)
Стјепановиќ пен. 5’, Петковски 60’
УТРЕ
Тетово: ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА
___________________________________________________________________________________
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)
Вардар оствари минимална, но заслужена победа над Македонија ЃП.
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-2)
Крај во Битола, Работнички слави со 0-2.
АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (1-0)
Крај во Турново, Академија Пандев оствари триумф.
СИЛЕКС – РЕНОВА (1-0)
Крај во Кратово, Силекс победи со 1-0.
СИЛЕКС – РЕНОВА (1-0)
89’ – Убава шанса за Мбела, но не успеа да погоди на вистинското место.
СИЛЕКС – РЕНОВА (1-0)
88’ – Сулејмани ја погоди гредата од голот на Силекс.
СИЛЕКС – РЕНОВА (1-0)
86’ – ГООООООЛ за Силекс, 1-0. Димитар Иванов носи предност за кратовци.
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)
78’ – Миовски шутира со глава, Гачевски одбрани.
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-2)
67’ – Нова убава шанса за Петар Петковски. Шутираше откосо од десната страна, но Тофилоски одбрани.
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-2)
60’ – ГООООООЛ за Работнички, 0-2. Петар Петковски излезе сам пред Тофилоски и успеа да го матира.
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)
55’ – Македонија ЃП тргна по израмнување н стадионот во Маџари. Кировски шутираше во блок, а потоа и Боби Божиновски се обиде, но не беше прецизен.
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-1)
46’ – Голема грешка на одбраната на Работнички, во шанса беше Танушев, потоа и Мустафов, но останува минималното водство на гостите.
Крај на првото полувреме на четирите натпревари од Првата лига. Минимална предност имаат Вардар, Работнички и Академија Пандев, додека на мечот во Кратово нема голови.
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)
40’ – ГООООООЛ од пенал за Вардар, 1-0. Тигран Барсегјан. Голманот на Македонија ЃП, Марко Јовановски, стартуваше над Цветановски, а Барсегајн беше успешен реализатор на пеналот.
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-1)
35’ – Танушев шутира со глава од пеналтикот, а Јанков одлично одбрани.
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)
33’ – Одлична шанса за Христијан Кировски. Влезе во шеснаесетникот, шутираше со левата нога, но Гачевски одбрани и исфрли во корнер.
СИЛЕКС – РЕНОВА (0-0)
30’ – Алтај Јусуф се одлучи за удар од далечина, но беше многу непрецизен.
СИЛЕКС – РЕНОВА (0-0)
27’ – Џелил Абдула шутираше, блокираше еден фудбалер на Силекс, а гостите бараа пенал. Сепак, Ецкоски покажа само кон корнерот.
АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (1-0)
21’ – ГОООООООЛ за Академија Пандев. Диме Димов со удар со глава носи преднот за домашниот тим, по корнерот од десната страна.
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-1)
17’ – Мустафов се обиде со удар од далечина, но директно во голманот Јанков.
АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (0-0)
15’ – Убава можност за Дориев. Шутираше кон голот на Шкупи, но за малку не беше прецизен.
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-1)
5’ – ГОООООЛ за Работнички, 0-1, Остоја Стјепановиќ од пенал го намудри Тофилоски и донесе водство за „романтичарите“.
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-0)
4’ – Пенал за Работнички, откако Тимовски играше со рака во сопствениот шеснаесетник.
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-0)
3’ – Победа почна амбициозно, Мустафов се најде во офсајд позиција пред голот на Работнички.
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)
4’ – Барсегјан во одлична шанса, шутираше кон голот на Македонија ЃП, но Марко Јовановски одбрани.
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)
2’ – Тантуровски нафрли од десната страна, но расчисти одбраната на Вардар.
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)
Трето коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига. Четири натпревари од денашната програма во која фокусот е кон стадионот „Борис Трајковски“, каде Вардар ја пречекува Македонија ЃП, и Битола, каде Победа ќе биде домаќин на Работнички. Во Кратово се среќаваат Силекс и Ренова, а во Академија Пандев ќе го нагости Шкупи.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА