ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Работнички во Европа, Шкупи ќе се моли на Шкендија… Скопје и Пелистер се селат во Втора лига (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 36.КОЛО

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (4-0)

Адили 45′, Жуниор 47′, Хасани 78′, 82′(п)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (3-2)

Петковски 45′, Кировски 66′, 81′(п) – Демир 39′, Досех 63′

Струмица: ПОБЕДА – РЕНОВА (1-0)

Даноски 45’+1

Турново: АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС (1-2)

Мишов 85′ – Бујчевски 24′, Благојевиќ 64′

Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР (4-1)

Јашароски 26′, 43′, Илиоски 40′, Шабани 75′ – Али Адем 34′


Standings provided by Sofascore LiveScore

========================================================================================

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ НА „ФИЛИП ВТОРИ“. РАБОТНИЧКИ ПОБЕДИ СО СКОПЈЕ И ЌЕ ИГРА ВО ЛИГАТА НА ЕВРОПА…. ШКУПИ ЗА ЕВРОПСКИ ИЗЛЕЗ ЌЕ СЕ НАДЕВА НА ТИТУЛА НА ШКЕНДИЈА ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА… А НОВИ ВТОРОЛИГАШИ СЕ СКОПЈЕ И ПЕЛИСТЕР! ПОБЕДА ЌЕ ИГРА БАРАЖ ЗА ОПСТАНОК ВО ЕЛИТАТА!

  • КРАЈ ВО ТЕТОВО. Шкендија со убедлива победа против Пелистер ја прославува шампионската титула!
  •  Крај на натпреварот на Чаир! Шкупи убедлив со Вардар (4-1)!

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (3-2)

3-2 – 82′ – Пенал за Работнички. ГООООООЛ за Работнички, 3-2. Христијан Кировски реализира од балата точка.

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (4-0)

4-0 – 82′ – ГОООООЛ за Шкендија, 4-0. Хасани со „паненка“ од пенал!

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (3-0)

3-0 – 78′ – ГООООООЛ за Шкендија, 3-0. Ферхан Хасани стрелец на стотиот гол за Шкендија во шампионатот. Бејтулаи центрираше од десната страна, а Хасани во пад шутира прецизно

ШКУПИ – ВАРДАР (4-1)

4-1 – 75′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Бунјамин Шабани носи веќе убедливо водство од 4-1 за чаирчани

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (2-2)

2-2 – 66′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Одлична акција која ја започна Стјепановиќ, од десната страна спушти Шаркоски, а на вториот дирек погоди Кировски

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (1-2)

1-2 – 63′ – ГООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Голема грешка на Красниќи, ја врати топката кон голманот, но тоа го прочита Кофи и го искористи подарокот за да постигне гол.

ШКУПИ – ВАРДАР (3-1)

54′ – Одличен шут на Баже Илијоски, но за малку непрецизен

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (2-0)

2-0 – 47′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Стенио Жуниор ја зголемува предноста за домашните!

  • Почеток на второто полувреме на четири натпревари, со исклучок на оној во Турново меѓу Победа и Ренова

ПОБЕДА – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 45′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Грешка на одбраната на Ренова, топката дојде до Даноски, кој од 16 метри стрела прецизно.

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (1-1)

1-1 – 45′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. По мешаницата пред голот на Скопје најдобро се снаоѓа Петковски кој израмнува!

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 45′ – ГООООООЛ за Шкендија, 1-0. Адили постигна погодок по корнерот од десната страна.

ШКУПИ – ВАРДАР (3-1)

3-1 – 43′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Вујчиќ нафрла од левата страна, а пред голот на Вардар Јашароски од непосредна близина стрела

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (0-1)

0-1 – 39′ ГООООООЛ за Скопје. Бенјамин Демир. Доби топка по левата страна, влезе во дриблинг и распали од работ на шеснаесетникот постигнувајќи еврогол

ШКУПИ – ВАРДАР (1-1)

1-1 – 34′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Деби гол на младиот Али Адем кој мајсторски носи израмнување

АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС (0-1)

0-1 – 24′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Со погодокот на Бујчевски, Силекс доаѓа до водство на гостувањето во Турново против Академија Пандев

ШКУПИ – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 26′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Вистински „проектил“ на Ален Јашароски од повеќе од 20 метри за водство на домашните

ПОБЕДА – РЕНОВА (0-0)

14′ – Одлична шанса за Ренова. Шутираше Скендери од 12 метри, но Тофилоски брани

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

20′ – Прекин на мечот во Чаир. Тешка повреда на Базилио Ндонг кој е заменет, а на негово место во игра Благоја Љамчевски

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (0-0)

13′ – Гредата го спасува голот на Скопје. Стјепановиќ нафрли од десната страна, Најдовски највисок во скокот со глава но ја погодува само гредата од противничкиот гол

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

14′ – 100% шанса за Шкупи. Кристијан Стојкоски во извонредна позиција, но не успеа да реализира од идеална можност

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (0-0)

13′ – Одлична шанса за Жуниор, од непосредна близина шутира за малку крај голот

ШКУПИ – ВАРДАР (0-0)

10′ – По онаа почетна 100% шанса на Шкупи уште во првата минута од средбата, мирни потоа минути на Чаир

  • Конечно почеток на дуелот и во Струмица со десетминутно задоцнување во однос на останатите натпревари.
  • Се уште нема почеток на натпреварот во Струмица меѓу Победа и Ренова!

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР (0-0)

!!! – 5′ – Пенал за Шкендија, Ферхан Хасани беше соборен во шеснаесетникот на Пелистер. Но, Дарко Атанасовски го одбрани ударот на Бесарт Ибраими од белата точка.

Почеток на четири натпревари од последното коло во ПМФЛ…

  • Вардар со младински тим ќе настапи на дуелот против Шкупи на Чаир…, што овозможува за домашните полесна задача на патот кон триумфот кој може да им донесе европски излез. Во тимот на „вардарци“ ги нема буквални сите оние првотимци на кои во јуни и им истекуваат договорите: Грнчаров, Новак, Хамбарџумјан, Глигоров, Глишиќ, Блажевски и Стојков…, а ги нема и Барсегјан, Марковиќ, Велковски и Стојчевски кои исто така заминуваат од клубот! Недостасуваат и Алексовски, Попзлатанов во првиот тим… Па Вардар ќе игра со седум младинци во стартната постава!

  • Познати се составите за пресметката меѓу Работнички и Скопје на „Филип Втори“…

======================================================================================

Стартуваат натпреварите од последното, 36. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Откако веќе од поодамна е извесна битката за титулата, сега главните погледи се насочени кон финалните битки за европски излез и битката за опстанок.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...