ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Реми на Вардар и Работнички, Беласица во 91. минута со гол за триумф… (ФОТО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 33. КОЛО….

Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (1-1)

Мицевски 50′ – Петковски 33′

Струмица: БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (3-2)

Мирчевски 19′, Милушев 86′, Георгиев 91′ – Гафури 43′, Кадриѕ 56′

Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (0-0)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (1-0)

Тантуровски 30′

Турново: АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА (4-0)

Дориев 27′, Томовски 54′, Мишов 55′, Илиев 59′

======================================================================================

  • Крај и на дуелот во Струмица. Беласица ја победи Ренова со пресврт!
  • Крај на натпреварите во Тетово, Турново и во Ѓорче Петров!

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (3-2)

3-2 – 90’+1 – ГООООЛ НА БЕЛАСИЦА. По одбиената топка од пред голот на Ренова, Пепи Георгиев зафаќа со волеј удар и ниско по земја носи водство за струмичани

  • Крај на натпреварот во Маџари, реми на Вардар и Работнички!

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (2-2)

2-2 – 86′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Во мешаницата пред голот на Ренова, Милушев од левата страна безмалку од мртов агол успева да го изненади неспретниот гостински голман

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (1-1)

!!! – 61′ – Втор жолт картон и исклучување за Вијачки кај Работнички!

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (1-2)

1-2 – 56′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Убава акција на „гипсарите“, топката по десната страна до Гафури кој шутира откосо под гредата од голот на Беласица

АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА (3-0)

3-0 – 55′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. И Мишов се запишува во листата на стрелците кај „пандевци“

АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА (2-0)

2-0 – 54′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Погодок на Томовски за зголемена предноста на домашните

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 50′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Цветаноски одлично го проигрува Дарко Мицевски на 15 метри кој прецизно шутира ниско по земја

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 33. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 43′ – ГОООЛ ЗА РЕНОВА. По една грешка во домашната одбрана и одбиена топка, Гафури од 15 метри одлично шутира покрај левиот дирек од голот на Беласица

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 33′ – ГОООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. По корнерот од левата страна, Димитровски го проигрува Петковски кој на самата гол линија од голот на Вардар непречен од никого сместува во празната мрежа

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 30′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Тантуровски носи предност за „лавовите“

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

26′ – Одлична шанса за Вардар. Колевски го проигра Цветаноски пред голот на Работнички но младиот напаѓач од само пет метри шутира покрај голот

 

АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА (1-0)

1-0 – 27′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Капитенот Дориев ги носи „пандевци“ очекувано до предност против отпишаната Победа

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (1-0)

21′ – Убава шанса и за Балдовалиев, но расчистува овојпат одбраната на „гипсарите“

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 19′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Мирчевски се пробива меѓу гостинската одбрана која згреши, го мина и голманот на Ренова па стрела за 1-0

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

14′ – Одлична шанса за Вардар, но обидот на Колевски за малку непрецизен

  • Мирен почеток во првите пет минути на терените на сите натпревари од денешното прволигашко коло

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 33. КОЛО ВО ПМФЛ….

  • Познати составите за дуелот меѓу Вардар и Работнички…

======================================================================================

Во 33. коло од сезоната 2018/2019 во македонската Прва лига погледите кон натпреварот на „Борис Трајковски“ во Маџари каде Вардар го пречекува Работнички кој мора да триумфира. Фокусот и на Силекс и Беласица кои и натаму се во жестока битка за опстанок.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...