ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Реми во Кратово, Академија Пандев со гол во 93. минута ги реши „лавовите“

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 1.КОЛО

Битола: ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА (1-0)

Кириан Чиназорм 70′

Турново: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-1)

Стоилов 42′, Дориев 93′(п) – Тантуровски 49′

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ (1-1)

Парфаит 35′(п) – Илијоски 70′(п)

ВЧЕРА

Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (2-2) 

Ибраими 54′, Бојку 73′ – Барсегјан 5′, Попов 84′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (3-4) 

П. Петковски 23′, Стјепановиќ 55′(п), Митревски 88′(аг) – Сулејмани 4′, Јусуфи 11′, Стојановски 48′,75′

======================================================================================

КРАЈ НА СИТЕ ТРИ НАТПРЕВАРИ.

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-1)

2-1 – 93′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Љупчо Дориев од белата точка носи повторно предност за струмичани кои се пред победа! Прекршот за пенал беше над Марио Крстевски

СИЛЕКС – ШКУПИ (1-1)

1-1 – 70′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Чаирчани и со играч помалку до израмнување. Пенал за гостите кој успешно го реализира Баже Илијоски

ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА (1-0)

1-0 -70′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Со погодокот на засилувањето Кириан Чиназорм прилепскиот прволигаш доаѓа до предност на дуелот против Беласица

СИЛЕКС – ШКУПИ (1-0)

!!!!! – 60′ – Втор жолт картон и исклучување за Ермедин Адем. Шкупи до крајот на мечот ќе биде со играч помалку на теренот

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)

1-1 – 49’ – ГОООООЛ за Македонија ЃП. Дејан Тантуровски доби шанса на почетокот на вториот дел од тренерот Таневски и само четири минути подоцна успеа да донесе израмнување за „лавовите“
  • Почеток на вториот дел на трите денешни натпревари од 1. коло во ПМФЛ…

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ….

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 42′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Ѓорѓи Стоилов носи предност за домашните

СИЛЕКС – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 35′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Пенал досуден за домашните, а сигурен реализатор е Парфаит

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

27’ – Уште една добра интервенција на гостинскиот голман Марко Јовановски, кој досега е најдобриот играч на дуелот на стадионот „Кукуш“

  • Без ниту еден гол по првите 20 минути игра на трите денешни натпревари

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

14′ – 100% шанса за Академија Пандев. Филип Михаилов сам изби пред голот на гостите, но Марко Јовановски повторно со одлична интервенција го спасува голот на „лавовите“

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

11′ – Прва шанса за Академија Пандев. Атанаскоски се најде во одлична позиција по левата страна, шутираше одлично но Марко Јовановски брани

СИЛЕКС – ШКУПИ (0-0)

9′ – Пановски во убава можност за Силекс, шутира откосо од десеттина метри но брани гостинскиот голман

СИЛЕКС – ШКУПИ (0-0)

7′ – Стојкоски нафрли од корнер од десната страна, Илијоски се обиде со глава но за малку покрај голот на Силекс

  • Мирен почеток на трите дуели, без ниту поизразена шанса на терените во Кратово, Турново и Битола по првите седум минути игра

ПОЧЕТОК НА ТРИТЕ ДЕНЕШНИ НАТПРЕВАРИ ОД 1. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Академија Пандев на дуелот против Македонија ЃП ќе биде без последното свое засилување, офанзивецот Аце Стојков…

  • Познати составите за пресметката во Кратово меѓу Силекс и Шкупи…

======================================================================================

Стартува новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига. Три натпревари од денашната програма во која фокусот е кон Кратово каде Силекс го пречекува Шкупи.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...