ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: По шокот од газдата Самсоненко, „вардарци“ демолирани и во Тетово (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 1. КОЛО

Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (2-0)

Алими 61′, Жуниор 66′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-0)

УТРЕ (17 ч.)

Скопје: ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0)

Прилеп: ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (0-0)

Кратово: СИЛЕКС – СКОПЈЕ (0-0)

=========================================================================

Шампионот Вардар доживеа пораз на дербито во Тетово од Шкендија со 2-0, во натпревар во кој домашните беа далеку подобар противник. По вчерашниот шок кој го добија од газдата Сергеј Самсоненко и најавата повлекување од клубот, вардаровите фудбалери сега демолирани и во Тетово… Несакани моменти пред настапот во плеј-оф квалификациската рунда за ЛЕ против Фенербахче!

КРАЈ И ВО ТЕТОВО

Крај на натпреварот во Ѓорче Петров. Работнички и Ренова ремизираа без голови!

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (2-0)

87′ – Мирни 20 минути по водството на Шкендија од 2-0, без шанси на двете страни

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-0)

75’ – Велинов нафрли од слободен удар, Кобетиќ ја одби топката, а одбраната расчисти во последен момент. Ова беше најубавата шанса за Работнички

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-0)

72’ – Херера шутира од далечина, но крај голот на Ренова

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (2-0)

2-0 – 66′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Брз контранапад на домашните, Хасани го проигра Жуниор во шеснаесетникот кој прецизно стрела за 2-0

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 61′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Вистински „проектил“ на Алими од 25 метри кој погодува под самата греда од голот на немоќниот Гачевски

IMG_6839

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

57′ – Нова 100% шанса за Шкендија. Одлична акција на Ибраими и Алими, вториот шутира од близина но од самата гол линија спасува Грнчаров

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

55′ – Алими изведува слободен удар од одлична позиција од 18 метри, но топката се одбива од живиот ѕид на Вардар и оди во корнер

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

50′ – Одлична можност за Шкендија. Жуниор од левата страна на фрли пред голот на Вардар каде на вториот дирек осамен беше Ибраими но од 5-6 метри шутира над голот

Почеток на вториот дел на дуелите во Тетово и во Скопје

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-0)

45’ – Џелил Абдула шутира од 20 метри, но неубедливо, крај голот

rabotnicki - renova novi 6

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-0)

35’ – Кире Маркоски тргна во соло пробив, но беше спречен од последниот играч во одбраната на Ренова

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

35′ – Хасани се обиде од слободен удар од околу 25 метри, но непрецизно

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

28′ – Убава шанса за Шкендија. Радески одлично проигран од Алими, изби сам по десната страна но шутира високот над голот на гостите

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-0)

25’ – Суад Сахити мина по десната страна, подготви убава можност за Велинов, кој беше бавен во реакцијата, па изнуди само корнер

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

24′ – Прва шанса за Вардар. Блажевски одлично со волеј зафати една топка од 15 метри, но Захов мајсторски интервенира спречувајќи водство на Вардар

IMG_6763

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

21′ – Шкендија продолжува со нападите. Алими шутира од 20 метри ниско по земја, но Гачевски брани

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-0)

18’ – Темелков шутираше од далечина, но крај голот на домашниот голман, Шишковски

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

17′ – 100% шанса за Шкендија. По акцијата на Ибраими од десната страна, Радески ја зафаќа топката со волеј на десеттина метри но Гачевски одлично брани, спречувајќи водство на домашните

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

8′ – Силен притисок на Шкендија на почетокот, во добра позиција и Хасани но блокира вардаровата одбрана

IMG_6811

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

6′ – Одличен обид на Бесарт Ибраими од слободен удар од околу 30 метри, но за малку над гредата од голот на Гачевски

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-0)

2′ – Стефан Костов имаше шанса уште на стартот, но Шишковски одбрани

  • „Балистите“ веднаш предизвикуваат краток прекин на мечот во Тетово, поради навивачката кореографија и фрлените ленти на теренот кои мора да се расчистат…

balisti skendija

ПОЧЕТОК НА ДВАТА НАТПРЕВАРИ ОД 1. КОЛО ВО ПМФЛ

  • Фудбалерите на Вардар под засилен притисок, по последните случувања во клубот, и најавите на спонзорот Сергеј Самсоненко за заминување од клубот, го очекуваат дербито во Тетово. Сигурно непосакуван момент за Гоце Седлоски и неговите избраници, кои најавуваат, сепак, атак на трите бода во Тетово.
  • Огнено „крштевање“ за младиот напаѓач на Вардар, големиот талент на македонскиот фудбал 17-годишниот Бојан Колевски кој од првата минута тргнува против Шкендија, откако „вардарци“ останаа без офанзивецот Балотели. На голот на Вардар ќе биде Филип Гачевски, во одбраната Бесир Демири, Бобан Грнчаров, Евгениј Новак и Хофханес Хамбарџумјан. На средината на теренот Стефан Спировски, Бобан Николов како последни играчи за врска, потоа Тигран Барсегјан, Хуан Фелипе и Дејан Блажевски како „трио“ позади напаѓачот на Вардар денеска Бојан Колевски.

    На клупата за резерви шанса ќе чекаат Игор Алексовски, Владица Брдаровски, Никола Глигоров, Висар Муслиу, Бесар Исени, Дарко Велковски и Џамбул Џигаури.

  • Шкендија, пак, со составот кој главно настапува во Европа ќе се спротистави и на Вардар…

skendija lineup

=========================================================================

Стартуваат натпреварите во новата 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија, и тоа на најдобар можен начин со дербито меѓу Шкендија и Вардар во Тетово. Денеска се игра и дуелот меѓу Работнички и Ренова на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров. Останатите три натпревари од 1. коло се играат утре.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...