ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Работнички ја реши Шкендија, Вардар некако победи со Ренова (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 25.КОЛО

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-0)

Трајчевски 24′

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР (0-1)

– Блажевски 73′

Охрид: ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (0-0)

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ (3-0)

Наумов 18′, 44′, Здравков 26′(п)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА (0-0) 

ТАБЕЛА: Вардар 59 бода, Шкендија 50, Работнички 42, Пелистер 37, Силекс 35, Ренова 31, Шкупи 25, Победа 22, Македонија ЃП 17, Брегалница 16 бода.

===================================================================

КРАЈ И НА МЕЧОТ ВО ОХРИД. Пелистер и Силекс одиграа без голови, поделувајќи ги бодовите

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (0-0)

91′ – Одлична шанса од контранапад за Силекс, Но, Ацевски од 15 метри шутира над голот на Пелистер

КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО ТЕТОВО. Работнички ја реши Шкендија, а Вардар иако во неквалитетна игра победи благодарение на голот на Дејан Блажевски

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-0)

91’ – Нововлезениот Абдурахими шутира високо над голот од 15 метри, пропаѓа една од последните шанси за Шкендија

РЕНОВА – ВАРДАР (0-1)

84′ – Одлична можност за Ренова. Идеална шанса за Велија кој изби сам пред голот на Вардар, но обидот од десеттина метри го брани Гачевски

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (0-0)

80′ – Одличен обид на Фернандо, најдобра шанса за Пелистер, но брани гостинскиот голман

pelister - sileks vo ohrid 2

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-0)

81’ – Абдурахими шутира од 20 метри, но Шишковски одбрани

РЕНОВА – ВАРДАР (0-1)

0-1 – 73′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Веднаш следи казната на спротивната страна. По корнерот на Фелипе од левата страна, на првиот дирек Дејан Блажевски со глава сместува под гредата од голот на Ренова

РЕНОВА – ВАРДАР (0-0)

72′ – Одлична шанса за Ренова. Јусуфи се проби по левата страна, но од само неколку метри го погодува левиот дирек од голот на Вардар

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-0)

71’ – Бесарт Ибраими шутира од слободен удар од 25 метри, директно во голманот Шишковски

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-0)

68’ – Корнер за Шкендија од десната страна, Чолак шутира со глава од седум метри, но крај голот

IMG_8805

РЕНОВА – ВАРДАР (0-0)

67′ – Прва вистинска шанса за Вардар на мечот. По корнерот од левата страна, Грнчаров со глава но домашниот голман брани, а во вториот обид блокиран и шутот на Глигоров

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (0-0)

55’ – Нововлезениот Боби Божиновски доби убава топка, излезе сам пред Митровиќ, но шутираше за малку крај голот

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-0)

57’ – Хасани се враќа на терените по повредата на коленото, на местото на Жуниор

hasani

РЕНОВА – ВАРДАР (0-0)

56′ – Очаен фудбал во Тетово, буквално без посериозни шанси и на двете страни, иако Вардар на почетокот од второто полувреме се обидува со шутеви од далечина

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-0)

51’ – По корнерот од десната страна, Филип Ивановски шутира со глава, но Јовановски е на место

ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ ВО 25. КОЛО ОД ПМФЛ

КРАЈ И НА ПОЛУВРЕМЕТО ВО ОХРИД. Пелистер и Силекс играат без голови

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (0-0)

45’ – Пановски се обиде од слободен удар од 25 метри, но Пашовски е сигурен

mkd gp - pobeda ddd

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ И ВО ТЕТОВО

БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ (3-0)

3-0 – 44′ – ГОООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Со вториот погодок на Ристе Наумов, Брегалница веќе до убедливо водство

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-0)

39’ – Херера шутира откосо од левата страна, но погоди надворешниот дел од мрежата

sileks - pelister

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (0-0)

35’ – Ѓорѓи Мојсов со шанса за Силекс, но останува мирна мрежата на Пелистер

РЕНОВА – ВАРДАР (0-0)

34′ – Садики се обиде со шут од далечина, но голманот на Вардар, Гачевски, лесно интервенира

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-0)

29’ – Јуфо се реши за удар од 25 метри, откосо од левата страна, за малку крај голот на Шишковски

БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ (2-0)

2-0 – 26′ – ГООООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Капитенот Горан Здравков од пенал ја зголемува предноста ја штипјани

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (0-0)

22’ – Раденко Бојовиќ шутира со глава по корнерот од десната страна, но крај голот на Силекс.

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-0)

1-0 – 24’ – ГООООО ЗА РАБОТНИЧКИ. Грешка на одбраната на Шкендија, Ивановски ја спушти топката за Душко Трајчевски, кој добро се снајде и од 5-6 метри го совлада Јовановски

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (0-0)

20’ – Ибраими не реализира пенал за Шкендија!!!! Шутираше од 35 метри, Шишковски ја одби топката, а потоа направи и пенал над Радески Ибраими го погоди дирекот од голот на Работнички, нема гол од 11 метри
IMG_8818

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (0-0)

19’ – Голема шанса за Шкендија. Жуниор нафрли од левата страна, во средината беше Бесарт Ибраими, кој шутираше од пеналтикот, но Шишковски успеа да ја скроти топката.

БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 18′ – ГООООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Со погодокот на искусниот голгетер Ристе Наумов, штипјани водат на дуелот со Шкупи

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (0-0)

11’ – Попзлатанов шутира од 10 метри, Митровиќ успеа да одбрани и да спречи водство за Пелистер

РЕНОВА – ВАРДАР (0-0)

11′ – Обид на Балотели од 18 метри, но лесен плен за домашниот голман

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС (0-0)

8’ – Фернандо центрираше од левата страна, Лукас шутираше со глава, но директно во добро поставениот голман на Силекс.

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (0-0)

8’ – Прва шанса за Шкендија. Жуниор беше во можност, шутираше откосо од десната страна, но Шишковски одбрани со нога

РЕНОВА – ВАРДАР (0-0)

7′ – Мирен почеток на дуелот во Тетово, без можности за ниту една од двете екипи

rabotnicki - skendija

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 25. КОЛО ВО ПМФЛ

* Шкендија со очекуваниот состав ќе игра против Работнички на „Телеком арената“ во битката за три бода. Ибраими и Меџедовиќ ќе бидат во нападот, а од страните ќе им помагаат Жуниор и Радески. Во средниот ред ќе бидат Тотре и Вујчиќ.

* Вардар, пак, на гостувањето против Ренова во Тетово во следниот состав: Гачевски, Брдаровски, Грнчаров, Новак, Демири, Глигоров, Николов, Фелипе, Петковски, Балотели и Барсегјан.

===================================================================

Стартуваат натпреварите од 25. коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Дербито се игра во Скопје, каде Работнички ќе биде на Шкендија. Интересен натпревар ќе се игра и во Охрид, каде Пелистер и Силекс ќе „војуваат“ за Европа. Вардар гостува на Ренова во Тетово желен за продолжување на победите за зачувување на лидерската позиција.

Се вчитува...