ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шкендија до минимален триумф на дербито, Работнички испушти триумф во 91. минута

Скопје: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (1-1)

Петковски 45′ – Мишковски 90’+1

Кичево: ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА (1-1)

Ефремов 19′ – Георгиев 21′

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ (2-2)

Георгиев 20′, Рајковиќ 40′ – Коцев 76′ (аг), Велиу 97′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-0)

Дориев 12′(п), Крстовски 63′, 73′

======================================================================================

  • Крај на натпреварите од 19. коло во ПМФЛ
  • Заврши натпреварот и на „Филип Втори“, Работнички и Ренова ги поделија бодовите
  • КРАЈ НА ДЕРБИТО ВО ТЕТОВО, МИНИМАЛНА ПОБЕДА НА ШКЕНДИЈА

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 91′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Ненад Мишковски од пенал израмнува за Ренова на „Филип Втори“, откако со рака во сопствениот шеснаесетник играше Владимир Димитровски

  • Крај на натпреварот во Струмица, убедлива победа на Академија Пандев

СИЛЕКС – ШКУПИ (2-1)

2-1 – 76′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Со автоголот на Стефан Коцев, Шкупи успева да ја намали предноста на домашните

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-0)

3-0 – 73′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Нов брз контранапад и Аце Стојков прецизно стрела за водстви и од 3-0 во Струмица

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (1-0)

!!! – 68′ – Милован Петровиќ игра со рака на гол линијата па добива директен црвен картон. Пенал за Ренова кој не успева да го искористи Влатко Стојановски

АК. ПАНДEВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-0)

2-0 – 63′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Брз контранапад на домашните, Марио Крстовски од десната страна продира одлично шутира ниско по земја за водство од 2-0

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (1-0)

58′ – Извонреден шут на Бејтулаи од 25 метри, но Гачевски одлично брани исфрлајќи во корнер

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (1-0)

53′ – Емини во добар продор на спротивната страна, шутира откосо од десеттина метри но брани Гачевски

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (1-0)

50′ – Убава шанса за Вардар, продор на Жуниор Родригес по левата страна се најде во одлична позиција но шутира непрецизно

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 19. коло во ПМФЛ…

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

СИЛЕКС – ШКУПИ (2-0)

2-0 – 40′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Засилувањето Марко Рајковиќ ја зголемува предноста за Силекс

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 45′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Петар Петковски ги носи „романтичарите“ до предност на „Филип Втори“

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (1-0)

!!! – 38′ – Феноменален шут на Најдовски од 35 метри, топката во гредата од голот на Захов откскокнува на гол-линијата!

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (1-0)

33′ – Убава шанса на Фазли, но сепак расчистува вардаровата одбрана

СИЛЕКС – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 20′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Со погодокот на Бобан Георгиев, кратовци доаѓаат до предност

ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА (1-1)

1-1 – 21′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Победа поведе со голот на Трајче Ефремов во 19. минута, но по само две минути Пепи Георгиев израмни за струмичани!

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 22′ – ГООООО ЗА ШКЕНДИЈА. Погодок на Омар Имери! По нафрлањето од левата страна, Имери осамен на вториот дирек и од неколку метри прецизно стрела за водство од 1-0!

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

15′ – Одличен шут на Фазли од 20 метри, но брани Гачевски

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-0)

14′ – Убава шанса за Ренова, Гафури се најде во одлична позиција но не успеа да реализира

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 12′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Љупче Дориев прецизно стрела од пенал по прекршокот направен врз него во шеснаесетникот на гостите

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

9′ – Прва посериозна шанса за Академија Пандев, Дориев одлично втрча во шеснаесетникот, но неговиот шут во последен момент беше блокиран од еден гостински дефанзивец

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

10′ – Почеток без многу возбудувања, Тотре со прв обид кон голот на Вардар но неуспешно

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 19. КОЛО ВО ПМФЛ….

  • Сите натпревари од 19 коло почнаа со едноминутно молчење во знак на почит и сеќавање на жртвите од автобуската сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово…

  • Познати составите за дерби пресметката меѓу Шкендија и Вардар во Тетово…

  • Познати и составите за дуелот на „Филип Втори“ меѓу Работнички и Ренова…

======================================================================================

Во 19. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига… Прво коло од пролетта во кое Вардар гостува на Шкендија во дерби пресметката од најсилната македонска фудбалска лига.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...