ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Шкендија го доби дербито со Вардар, Тасевски тргна победнички со Работнички… (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 10. КОЛО

Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-2)

Емини 45’+, Ибраими 89′

Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-2)

Стјепановиќ 26′(п), Стевиќ 90’+3

Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС (2-0)

Серџо Жуниор 50′, Стојкоски 57′

Струмица: БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА (2-1)

Митевски 26′, Ивановски 50′ – Набуезе 90′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (1-0)

Кировски 55′

Standings provided by Sofascore LiveScore

======================================================================================

  • Крај и на дербито во Маџари. Победа на Шкендија против Вардар од 0-2!
  • Крај на натпреварот и во Ѓорче Петров. Нова победа на Македонија ЃП која игра одлично на почетокот од сезоната
  • Крај на натпреварот во Струмица. Триумф на Беласица против Победа

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-2)

0-2 – 89′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Прекрасен шут на Бесарт Ибраими од 18 метри, Гачевски немоќен

  • Крај на натпреварот во Тетово. Победа на Работнички на дебито на Жикица Тасевски на клупата на тимот од Дебар маало

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-2)

0-2 – 90+3’ – ГОООООЛ за Работнички. Класичен противнапад, Петковски повлече, Пеев одигра со петица за Душан Стевиќ, кој ја погоди мрежата.

БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА (2-1)

2-1 – 90′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Кириан Набуезе ја намалува предноста на домашните

  • Крај на натпреварот на Чаир. Победа на Шкупи против Силекс од 2-0

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

88’ – Велија во одлична шанса, но Божиновски одбрани

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-1)

77′ – Шут од 20 метри на нововлезениот Нафиу, но само покрај голот на Вардар

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

!!! – 78’ – Црвен картон за Остоја Стјепановиќ поради груб старт на средината на теренот

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

69’ – Влатко Стојановски со удар со глава го погоди дирекот од голот на Работнички

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (1-0)

1-0 – 55′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. „Лавовите“ со голот на Христијан Кировски доаѓаат до водство во Ѓорче Петров

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-1)

53′ – Попов се обиде од убава позиција од околу 20 метри од слободен удар, но над голот од Шкендија

ШКУПИ – СИЛЕКС (2-0)

2-0 – 57′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Кристијан Стојкоски носи водство за Шкупи и од 2-0

ШКУПИ – СИЛЕКС (2-0)

1-0 – 50′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Со голот на Серџо Жуниор, Шкупи доаѓа до предност на Чаир

БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА (2-0)

2-0 – 50′ – ГОООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Филип Ивановски ја дуплира предноста на струмичани

  • Почеток на вториот дел на сите дуели освен во Маџари меѓу Вардар и Шкендија поради оддолжувањето на првото полувреме…

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 10. КОЛО ВО ПМФЛ!

ЖЕСТОКИ ПРОТЕСТИ НА ВАРДАРЦИ КОН СУДИИТЕ, НО КОНЕЧНО ГОЛОТ Е ПРИЗНАЕН!

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 45’+3 – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Ибраими нафрли од десната страна, а на вториот дирек со глава погодок за гостите на Изаир Емини. Гачевски ја зафати топката на самата гол линија, но судиите покажуваат дека ја минала гол линијата!

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

43’ – Велија уфрли од десната страна, Влатко Стојановски шутираше од прва, но крај голот на Работнички.

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

36’ – Влатко Стојановски шутира од 25 метри, Божиновски одлично одбрани

БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА (1-0)

33′ – Балдовалиев убаво нафрли од десно на вториот дирек, во налет Немања Петров со глава но за малку покрај левиот дирек од голот на Победа

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 26’ – ГООООООЛ за Работнички. Остоја Стјепановиќ прецизно погодува од пенал. Претходно Петар Петкоовски беше соборен во домашниот шеснаесетник

БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА (1-0)

1-0 – 26′ – ГОООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Одлична акција на домашните од слободен удар, Балдовалиев нафрли од десно и Митевски со глава во мрежата на гостите

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-0)

23′ – Мал прекин во Маџари. Поради скандирања на „Комитите“ на националистичка основа, делегатот побара од капитенот на Вардар, Горан Попов да укаже кај своите навивачи за несоодветно навивање

МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (0-0)

11′ – Кировски во одлична шанса пред голот на „пандевци“, но нема водство за Македонија ЃП

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-0)

!!! – 16′ – 100% шанса за Шкандија. Омар Имери шутира од 15 метри, топката ја одби Гачевски а на неа натрча Ибраими но од само неколку метри не успеа да ја погоди мрежата на домашните

БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА (0-0)

12′ – Ташев од одлична позиција од 18 метри шутира, но топката зафаќа во гостинската одбрана и корнер за Беласица

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-0)

13′ – Попов се обиде директно од слободен удар од околу 30 метри, но директно во рацете на Захов

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-0)

7′ – Нова одлична шанса за Шкендија. Алими доби супер топка на 18 метри шутираше од прва, но само за малку над гредата од голот на Гачевски

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

2′ – Прв корнер за Работнички, го изведе Стевановиќ, но расчисти одбраната на Ренова

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-0)

1′ – По корнерот од левата страна прва шанса за Шкендија. Омар Имери се најде во одлична позиција, шутираше од 12 метри но покрај голот на домашните

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 10. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати составите за дерби пресметката меѓу Вардар и Шкендија во Маџари… „Вардарци“ без офанзивецот Тигран Барсегјан во составот…

======================================================================================

Десетто коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига. Дербито се игра во Скопје каде Вардар ја пречекува Шкендија.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...